• Latest

Чекајте море мајмуни, чекајте бе еееј!

December 24, 2017

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Чекајте море мајмуни, чекајте бе еееј!

December 24, 2017 17:50
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Станав од спиење и на социјалните мрежи наидов на еден куп објави поврзани со оставката од позицијата претседател на ДМПНЕ, на најголемиот криминалец од поновата историја на Македонија, човек кој сè уште живее и делува на овие простори. Демек се радуваат дека заминува од активниот политички живот и повеќе нема да биде присутен на нашата политичка сцена.

пишува: Дамјан Темков

Јас припаѓам на онаа генерација која 1998 ја дочека како средношколец. Почнував полека да се освестувам и да разбирам во која насока одредени политичари преземаат многу сериозни чекори и без пардон го расипуваат мојот живот кој допрва треба да почне (за ова не бев многу свесен). Притоа, за да ги забележам нивните злодела не ми требаа снимени разговори, тие јавно со своите криминални постапки, на купородажба на тоа што ни припаѓа на сите што живееме тука, се обогатија за неколку генерации однапред, а неколку години потоа и обелоденија дека поседуваат огромни средства.

Еден од нив, на пример, не многу одамна, организираше матурска прослава за своето дете (во тоа време бебе), финансиски покривајќи ја музиката (на огромно задоволство на луѓе од мојата бранша, кои дури беа и гласни дека таков вид на прослави недостасуваат?!) со средства доволни за цел еден биг бенд да му свири и да ги забавува гостите.

Истиот тој човек, непосредно по напуштањето на својата функција, при секое следно појавување беше опкружен со телохранители кои се врткаа околу него да го заштитат од колективната краткотрајна меморија, за неколку години подоцна, а и до ден денес, да се шета слободно низ градов сам или во придружба на другарите со кои изврши кражби, кои сè уште се рефлектираат на моето секојдневно преживување и ми го отежнуваат животот.

Денес, без оглед на тоа што некои луѓе се веќе во притвор, што постојат правни постапки за актуелни случувања поврзани со нелегални активности на индивидуалци, речиси ништо не може да ме убеди дека за 15 години од сега, некој што сега има 18, нема да пишува текст како овој. Напротив, имам впечаток дека повторно ќе помине период во кој повторно актуелни ќе бидат некакви обвиненија, судски процеси или ситуации, (не)среќни околности во кои народот еуфорично ќе се изненади (конфликт) или израдува (признавање на име, почеток на преговори за членство).

Со други зборови – ништо битно, односно, само одвлекување на вниманието заради некоја сензационална вест што ќе направи спин во неговата глава. За по една деценија, веројатно, да предизвика радост дека за роденденот на некои сестрички, Спајс Грлс, иако веќе видно виснати, повторно се обединуваат за да пејат на нечија матурска прослава во Скопје.

Да не се зезаме и лажеме, заминувањето на Груевски не е и не смее да биде никаква сензација. Што е најтрагично, огромен дел од оние кои во разговорите беа актуелни со своите дрски говори на омраза, кражби, уцени, провизии, местенки, убиства и што уште не, не само што се заборавија, туку и се величаат на партиски говори како најголеми интелектуалци и политички умови, а никој никако не реагира. Мене лично, многу ми е гајле дали Ставревски имал совест или планирал да соработува со институциите за да помогне во разоткривањето на дополнителни криминали. Тоа не го пере од одговорноста при задолжувањето со моите пари, исто како и претходно споменатите кои можеби ќе ги видам задутре на новогодишен концерт и ќе ми биде чудно што седат до мене, а не во затвор.

Јас имам 98.8 % слична ДНК со шимпанзите, ама не сум мајмун, човек сум, човек со упропастена иднина и тежок живот.

Tags: затворЗоран СтаврескимајмунНикола Груевскиоставкашимпанзо
Share89TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ