• Latest

Заев: Обединети во 2018

December 30, 2017
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Младиќ меѓу хашката пресуда и политичката митологија

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Обединети во 2018

December 30, 2017 10:57
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев во своето новогодишно обраќање повика на единство, за да се „заокружи визијата за модерна, економски напредна и респектирана држава“. 

Годината што заминува ќе ја паметиме по најголемиот успех на граѓаните на оваа земја. Слободоумните граѓани ослободија – заробена држава. Се соочивме со предизвиците и се случи пресврт. Се случи промената. Македонија се стабилизираше и тргна кон раст и развој.

Со промената на власта, граѓаните јасно порачаа дека очекуваат нова пракса и нови политики при управувањето со државата. Тоа е главен предуслов за враќањето на довербата кон институциите и кон власта како политички инструмент.

Клучен фактор за создавање доверба е да се спроведува владеење на правото. Правната држава создава сигурност за секој граѓанин поединечно, и за општеството во целост.

За добро и одговорно владеење неопходни се уште и: Почитувањето на човековите права; Социјалната правда; Јавното и отчетно работење и Обезбедувањето целосно учество на сите граѓани во општеството. Реформата подразбира вклученост, на сите, за сите, без исклучок, по било кој основ.

Ставањето на граѓанинот во центарот на нашата грижа, значи постојано подобрување на условите за живот на луѓето и поттикнување на сигурноста на граѓаните – да се биде сигурен значи да се биде ослободен од страв, ослободен од економска и друг вид неизвесност.

Борбата со сиромаштијата и обезбедувањето на сигурноста се основни услови, но тие се само дел од поголема целина. Знаењето, вештините и здравјето како врвни приоритети, ја подигнуваат свеста за афирмација на човековото достоинство. За достоинствени граѓани на нашата Македонија.

Ќе бидеме достоинствени ако сме чесни, а чесноста подразбира борба против корупцијата.

Како одговорен политичар, и како премиер на Република Македонија, силно се противам на амбиент во кој некои политички елити се почувствуваа привилегирани. Мислеа дека правдата и казната што произлегува после корупцијата, нема да ги опфати и нив.

Сите мораме да го дадеме сопствениот придонес кон реформата и кон новото време за кое постигнавме општествен консензус: Нула толеранција за корупцијата и нула толеранција за кршење на човековите права – и ништо помалку.

Одредени политичари во изминатите години избраа да водат политика на поделби и предизвикување конфликти кои луѓето ги поделија на „наши“ и „ваши“.

Тоа е политика што гради минато, а не иднина. А, нам, наместо поделба ни треба доверба. Само интегрирана Македонија, единствена во различностите, ќе биде стабилна и просперитетна држава за сите нејзини граѓани. Во таква Македонија веруваат мнозинството од граѓаните. Затоа градиме општество еднакво за сите.

Почитувани мои сограѓани: Што уште не очекува во 2018 година?

Не очекува многу ангажман, со единствена цел: мирен и квалитетен живот за граѓаните.

Ќе растат платите, затоа што имаме сериозен и прецизен План за економски раст. Тој план ќе обезбеди нови, подобро платени работни места. Проектираниот буџет за 2018 ќе донесе финансиска стабилизација на земјата, раст и правичност. Ќе ги интензивираме напорите во реформските процеси за демократска обнова на општеството, за обезбедување професионални и деполитизирани институции, еднакво и квалитетно услужни кон сите граѓани.

Продолжуваме да бидеме пријател со сите пет соседи, но и предводници во градењето нов имиџ за Балканот пред светот.

Конечно, очекуваме Македонија да биде 30-та земја членка на НАТО. Очекуваме да добиеме чиста препорака за почеток на предпристапни преговори со ЕУ. Брисел знае дека имаме доволно добри аргументи за ова наше очекување.

На патот сме да ја заокружиме визијата за модерна, економски напредна и респектирана држава. Да се обединиме околу овие приоритети!

Сега како никогаш досега, сите да ја прифатиме одговорноста за нашата иднина! Сега, кога 21-от век станува полнолетен, ајде заедно да го положиме испитот на зрелоста, заради иднината на нашата заедничка Македонија. Заслугите ќе им припаднат на сите!

Нека ни е среќна, и бериќетна, новата 2018 година!

Среќни новогодишни и божиќни празници!

Tags: демократијаединствоЗоран ЗаевМакедонијановогодишно обраќањеслобода
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ