• Latest

Коѕијас на седницата на Владата ги претставил грчките позиции во разговорите за името

January 8, 2018

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Коѕијас на седницата на Владата ги претставил грчките позиции во разговорите за името

January 8, 2018 17:36
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи на Грција, според грчките медиуми, за време на седницата на Владата, ги известил министрите за грчките позиции во преговорите за името.

Повикувајќи се на свои информации, медиумите во Грција, меѓу кои и државната агенција, како што јавува дописникот на МИА од Атина, објавија дека сложено име со географска одредница за севкупна употреба е позицијата што ја претставил Никос Коѕијас.

– Според информациите, министерот за надворешни работи во неговото обраќање го извести Министерскиот совет за позициите со кои грчката страна учествува во преговорите за името со пЈРМ. Господинот Коѕијас, рече дека националната позиција беше веќе претставена во 2007-2008 и се однесува на сложено име со географско потекло и за севкупна употреба, пишува грчката новинска агенција, пренесува МИА.

Според АПЕ-МПЕ, Коѕијас рекол дека конкретното прашање, актуелната Влада го наследила, затоа што во минатото не се преземале иницијативи.

– Оваа влада е смела и сериозна и има храброст доследно да оди кон решавање на проблемите, рекол шефот на грчката дипломатија, според грчката државна агенција.

Грчката телевизија Скај на нејзиниот сајт објави дека Коѕијас во неговото обраќање не споменал конкретни предлози за името, а освен министерот за надворешни работи, за време на седницата на Владата, за прашањето за името не говорел никој друг министер.

Претходно, како што веќе објави МИА, во 20-минутното обраќање пред министрите, на почетокот на владината седница, спорот со името, кусо го спомена грчкиот премиер.

Дека грчката Влада се залага за сложено име за севкупна употреба е веќе познато по миниминистерскиот совет одржан минатиот четврток, во премиерската палата. Тогаш, Никос Коѕијас по завршување на состанокот, во изјава за новинарите рече дека „во прашањето за името, Владата, поддржува и преговара за едно сложено име, едно име за сите употреби, она што Грција го презентираше како позиција и во Букурешт.

извор: МИА

 

 


Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Одговорноста за редакциското опремување на текстовите (наслов, наднаслов, фотографија, тагови) е на ЦИВИЛ Медиа.

Tags: владаГрцијаимеНикос КоѕиасПреговори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ