• Latest

Грција може да го признае Косово!

February 6, 2018
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Грција може да го признае Косово!

February 6, 2018 11:15
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Атина би можела да го признае Косово, ако тоа го побара Вашингтон, од неколку причини. Меѓу тие причини, најголемиот е економскиот, заради притисокот што доаѓа од ЕУ и Германија. Друга сериозна причина е од безбедносен карактер, заради аспирациите на Албанците, но и Турците, кон грчката територија, пишува Спутник. 

Зад преговорите околу името помеѓу Грција и Македонија се најде и прашањето за признавањето на Косово од страна на официјална Атина. Ова за Спутник го изјави Душан Јањиќ од Форумот за етички односи, со напомена дека понудата на Вашингтон и НАТО во рамките на новата политика на Доналд Трамп, во која и се дава предност на воено – дипломатските решенија.

Јасно е, додава Јањиќ, дека Америка го јакнее тој воен комплекс и во економска и политичка смисла, и како средство за притисоци.

„За Трамп, еден од приоритетите е зајакнувањето на Америка на Балканот и потиснување на Русија и сигурно е дека НАТО ќе влезе во таа улога. Сегашните влади на Македонија и Грција сакаат да го решат нивниот проблем, затоа што не можете да бидете член на НАТО ако имате проблем со некоја од членките. Тоа што постои силна опозиција, нема да смени ништо, како ни самите демонстрации на десницата во Грција“, уверен е Јањиќ, со напомена дека тие случувања само можат да ја зголемат цената којашто ќе ја бара Грција од Америка за оваа, како што ја нарече „услуга“.

На прашањето зошто Грција би го признала Косово токму сега, Јањиќ како одговор наведува неколку причини: економската помош која Грција би ја добила од Америка и мошне битниот безбедносен аспект.

„Грција е толку економски притсната од ЕУ и Германија, што таа не може да дише. Атина сега бара простор во кој, меѓу другото, би можела да си ја олесни економската состојба. Грците сите политички процеси до сега ги завршувале со многу прагматично пресметана цена. Нема причина тоа да не биде така и овој пат. Другата работа е самата безбедност на Грција. Ако не се затвори прашањето со Македонија, се отвора албанската претензија, а таа го таргетира и Епир, односно, дел од Чамерија ( област населена од Албанци). Грците и за тоа ќе сакаат да го затворат ова прашање. Третата работа е Турција, затоа што таа земја е првиот непријател на грчкиот национализам. Грците гледаат дека позициите на Турците во НАТО се разнишани, а за нив соработката со Американците е драгоцена заради одбраната на статусот на замрзнатиот конфликт на Кипар. Сето ова Грците мора да го решаваат со помош на зајакната соработка со Американците, затоа што и Турците и Грците се во НАТО Алијансата“, напоменува Јањиќ.

Јањиќ смета дека не смее да се заборави дека во Грција работат псотојано или повремено околу 700. 000 Албанци, и дека уште 150. 000 Албанци се во движење на релација Македонија – Косово – Албанија. Тоа е, според него, јака дијаспора, односно лоби, а јавноста на Грција во последните десет години ги прифатила како факт. Јањиќ вели дека признавањето на Косово од страна на Грција, за Америка би била голема услуга.

Тој верува дека е речиси сигурно дека во иднина Република Македонија ќе се вика „Горна Македонија“, којашто на англиски би се изговорала како еден збор и којашто не би се преведувала (Upper Macedonia).

Од друга страна, Саша Боројевиќ , надворешнополитички коментатор, смета дека, ако Грчката Влада сепак имала план да се согласи со споменатото име за Македонија и да го признае Косово, тогаш протестите на 140. 000 Грци во грчката престолнина, сигурно им го отргнале вниманието.

На прашањето како Косово се нашло во оваа игра и што би се случило доколку Грција навистина ја признае косовската државност, одговори:

„Американското влијание во Косово е неспорно јако и обидот на Приштина преку ЕУ да ги вовлече САД во процесот на Бриселкиот договор, сега доаѓа до својот епилог. Еве и на кој начин. Грција е одличен модел на православна земја којашто сето време се збратимува и покажува соработка со Русија. За САД е важно да излезат од тој колосек и да го признаат Косово заради парите, поточно, заради ветувањето, дека ќе им биде одбиен долгот кон ЕУ“, вели соговорникот.

Боројевиќ потсетува на документот на ЦИА, во којшто е наведена паричната вредност на Косово во однос на Србија. Во тој документ, како што се наведува, пишува дека Косово со своите рудни богатства вреди околу 500 милијарди долари, додека остатокот од Србија со Војводина, некаде околу 200 милијарди долари.

„За Америка, во овој сегмент, е особено битен за да ги финансира грчките долгови за да успее преку Косово да ја направат Голема Албанија, а тоа е нешто од кое Грците многу стравуваат. Затоа што, кога ќе ја признаете Македонија со мнозинско албанско население, вие утре ќе имате проблем дека Албанија бара и дел од Грција“, наведува Боројевиќ.

Ако се случи Грција, како најголема православна држава во регионот, под притисок или со одлука на нивните власти, сепак да го признае Косово, Боројевиќ смета дека тоа би значело разбивање на големиот православен блок. Освен тоа, тој напоменува дека грчкото признавање на Косово би можело да ги загрози и нивните соработки со Кинезите, со оглед дека оваа држава купувала пристаништа во Грција, и финансира брзи железнички пруги кон Србија.

„Во овој случај мислам дека би се прекинала каква било соработка што се одвива преку Грција и затоа мислам дека планот да се донесе резолуција во рок од 24 часа за името на Македонија и преку ноќ да се дојде  до епилог, е пропаднат.  Верувам дека тоа сега е бесмислено“, заклучува Боројевиќ.

Во центарот на грчката престолнина е одржан протест против предлогот за компромис за името на Македонија, којшто го заговара Владата на премиерот Алексис Ципрас. Славниот композитор Микис Теодоракис и порача на грчката Влада дека, ако мисли да потпише име што го содржи зборот Македонија, е задолжена за тоа прво да го праша грчкиот народ, се вели во Спутник.

Tags: БоројевиќГрцијаимеЈањиќКосовоМакедонијапризнавањеРусијаСАДспор
Share3TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ