Новинарската екипа на ЦИВИЛ Медиа разговараше со граѓаните на Прилеп за слободни медиуми и слобода на изразување.
Најголем дел од соговорниците не се задоволни од состојбата во медиумите и сметаат дека се зависни од партиите, независно од тоа која е на власт.
„Им веруваме на медиумите во зависност од тоа што гледаме. Јас сум пенизонер, сè следам и се нервирам. Тоа е најлошото“, изјави еден од соговорниците.
„Има коректни медиуми, но има и приклонети или кон власта или кон опозицијата. На пример, МРТВ треба да биде независна. Дури беше ВМРО-ДПМНЕ тие им беа наклонети, кога дојде СДСМ, кон нив. Таа треба да има независен став, се полни од нашиот буџет“, изјави еден од граѓаните.
Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов