По презентацијата на Могерини и Хан на Стратегијата за Западен Балкан, Амбасадорот на Европската унија, Самуел Жбогар изјави дека Македонија во изминатите месеци има значаен прогрес во реформите, а комисијата е подготвена за подготовка на преговори за нејзино вклучување во ЕУ.
https://www.facebook.com/civil.mk/videos/1550633231721807/
„Стратегијата поставува временска рамка од две години, која е мошне амбициозна, особено за земјите што се во фаза на преговори“, изјави Жбогар.
Што се однесува до земјите од Западен Балкан и поставената временска рамка до 2025 година, Жбогар изјави дека се потребни измени во ЕУ, но и во процесот на реформи.
„За Западен Балкан јасно се кажа дека засега ниту една држава не е подготвена да влезе во ЕУ. Моменталната состојба укажува дека нема да може да се дојде до влегување, затоа што начинот на спроведување на реформите треба да се промени, како и начинот на преговори. Стратегијата со својата нова динамика во регионот треба да ги регистрира овие недостатоци, во однос на сите прашања. ЕУ треба да ја зголеми соработката со земјите од регионот, со оглед на големата сума финансии што ќе се влезат во земјите“, објасни Жбогар.
Б. Јордановска