• Latest

Апсурдот на системот: Дискриминацијата на Ромите и малечката жртва

February 17, 2018

24 ЧАСА: Започна дводневната обука на 364 кандидати за пожарникари; Недоветни навивачи пукаа со куршуми на омраза на нашите сограѓани Албанци, ама нè погодија сите, реагира Силјановска Давкова; Нетанјаху сака „целосно освојување“ на Газа

August 5, 2025

Започна дводневната обука на 364 кандидати за пожарникари – дел од нив наредната недела ќе бидат вклучени во гаснење на пожари со помал ризик

August 5, 2025
Фатмир Битиќи (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Трибините – огледало на политиката

August 5, 2025

Трагична тепачка ноќеска во Психијатриската болница Бардовци – осуден убиец усмрти друго лице

August 5, 2025

Партијата на Додик ја отфрла пресудата на Судот на Босна и Херцеговина, повикува на „влада на национално единство“

August 5, 2025
Богојески „му држи грб“ на Мицкоски додека го осудува националистичко скандирање на дел од навивачите во Куманово

Богојески го оправдува националистичкото скандирање во Куманово: Mакедонските навивачи стануваат жртва на лов на вештерки, само затоа што имаат љубов кон Македонија!

August 5, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Мицкоски од дрвото не може да ја види шумата

August 5, 2025
Фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Спортот заложник на национализмот

August 5, 2025
Фото: Фејсбук на Стојанче Ангелов

ДЗС: Почна обуката на 400 кандидати кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција од пожари

August 5, 2025
Фото: МИА архива

Холандија ќе испорача оружје во вредност од 500 милиони евра на Кијив, вклучувајќи и ракети „Патриот“

August 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Апсурдот на системот: Дискриминацијата на Ромите и малечката жртва

February 17, 2018 21:15
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Социјалните служби на нашата мала и мила Република, земале мало сиромашно девојче – Ромка под нивна заштита поради питачење. Девојчето тогаш имало 5 години, а сега има 13 години. На 13 години, како штитеничка на ЈУ Заводот за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение, после којзнае колку пати силувања,  забременила и абортирала.

пишува: Емрах Реџепи

Го читав соопштението на Министерството за труд и социјална политика. Во насока на заштита на интересите и правата на детето, се воздржуваат од споделување детали за случајот. Истото Министерство коешто, во најмала рака, беше неспособно да го заштити детето физички и психички, за што треба да носи одговорност.

Иако е штитеничка на тој Завод, штом  СИЛУВАЊАТА се случиле надвор од Заводот –Министерството тоа фино лепо го нарекува еуфемистички „сексуално експлоатирање“, така што за Министерството тука нема причина за барање одговорност кај институцијата. Пријавиле во МВР, и – замислете – министерството кое животот на тоа мало девојче го уништило од нејзината 5 година од животот, и обезбедува неопходна психо-социјална поддршка.

За да биде  апсурдот поголем, од Министерството демантираат дека детето било одземено поради сиромаштија, туку поради – меѓу другото – питачење. Како да питачела од хоби. Како да питачат и богатите. Безобразен, суров и идиотски демант.

Во меѓувреме, МВР ќе тераат со нивните „понатамошни постапки“, Заводите во кои се „штитаат“ децата ќе функционираат како што функционирале до сега, без кој било од нив да одговара за било што, и Министерството за труд и социјална политика ќе продолжи со походот на донесување живот на сите преку прогресивна транспаретност и легалистички политики – се според законот. И никому ништо.

И никако да разбереме дека државата постои за граѓаните и граѓанките – дури и за сиромашните маргинализирани Роми кои често  се невидливи. Ако не е способна да ги штити и заштити од сиромаштија, глад, и ред други насилства вклучувајќи и силувања, би било подобро да не постои воопшто, или барем воопшто да не се меша.

И да не се правиме луди, доколку малечката силувана Ромка беше Албанка или Македонка, реакциите од сите ќе беа многу поразлични. Затоа што Републикава во обид, е една збирштина од народи со племенски менталитет коишто имаат очи и сочувство само за своите жртви, а злосторствата врз другите – се небитни. Одвратно.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: делувањедискриминацијазаштитаинституциималолетничкаМВРМТСПодговорностРомкаСексуално злоставувањехипокризија
Share72Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ