• Latest

Нови осцилации за прашањето за името

February 23, 2018

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Нови осцилации за прашањето за името

February 23, 2018 07:57
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Барања за промена на Уставот како предуслов за решавање на прашањето за името, ставови  дека тоа нема да стаса во грчкиот Парламент во наредните десет години, но и објава за поддршка од Грција на кандидатурата на Македонија во Јадранско-јонската иницијатива,  беа изнесени во грчката јавност која продолжи со реакции за средбата во Берлин на македонскиот премиер Зоран Заев со германската канцеларка Ангела Меркел.

Алтернативниот шеф на грчката дипломатија, со допис до надлежните европски комесари, соопшти дека Грција ја поддржува кандидатурата на Македонија за членство во Јадранско-јонската иницијатива.

– Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, со допис до надлежните комесари за проширување, Јоханес Хан и за регионална политика, Корина Крецу, ја објави намерата на Грција да ја поддржи кандидатурата на ПЈРМ во рамките на стратегијата на Европската унија за Јадранско–јонскиот регион (EUSAIR), пишува во соопштението од грчкото МНР.

Претходно, грчкиот претседател Прокопис Павлопулос на почетокот од средбата со ирскиот претседател Мајкл Хигинс, рече дека промена на Уставот и изнаоѓање име во кое нема да има траги од иредентизам во однос на границите, националноста и јазикот, се предусловите кои Македонија треба да ги исполни доколку сака да се интегрира во НАТО и Европската Унија.

Од Грчката опозициска партија Нова демократија, пак, упатија прашање зошто грчката Влада не излезе со коментар за употребата на фразата „македонски премиер“ од Меркел за време на завчерашната средба со Зоран Заев.

Портпаролката на Нова демократија, Мариа Спираки истовремено го прозва коалицискиот партнер во Владата Панос Каменос, да каже „Дали ќе ја турне Владата“ откако тој рече дека не се согласува со тоа како Владата управува со прашањето со името и ќе направи сѐ „за да не се даде името Македонија“.

– Секако дека не се согласувам со Владата и со тоа како управува во прашањето за името Македонија, тоа го имам јавно кажано, и ќе направам сѐ за да запрам да не се даде терминот Македонија и секако дека нема да гласам, рече Каменос, кој изрази убедување дека прашањето за името нема да стигне во грчкиот Парламент.

По посетата на Заев на Берлин на насловните страници на грчките весници се најдоа наслови како: „Меркел провоцира, му посака добредојде на ’македонскиот“ премиер’; „Меркел: Најблиско до решение од било кога до сега“;„Меркел најави решение и го крсти Заев, Македонец“; „Меркел со Заев: Никогаш поблиску до решение“.

Поранешниот амбасадор на Република Македонија во Германија Ѓорѓи Филипов оцени дека  Меркел од заедничката прес-конфернција во Берлин со Заев упати пораки на охрабрување до Македонија и Грција, да го решат прашањето за името.

– Меркел ги охрабри двете земји да ги доведат преговорите до решение, кажувајќи дека разговарала и со грчкиот премиер Ципрас. И тој и Заев и рекле дека е можно наоѓање на решение. Меркел строго, но многу јасно потенцира дека преговорите или разговорите се водат премногу јавно, со што се нарушува преговарачкиот процес давајќи им прилика на противниците на разговорите и на наоѓањето на решение од двата табора да го сопираат или да го насочуваат во погрешен правец, оцени Филипов.

Македонскиот премиер Зоран Заев, пак, во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА, порача дека градењето заемна доверба и гаранцијата оти решението ќе биде конечно и ќе ги заштити достоинството и идентитетот на двете страни, се најважните делови од преговарачкиот процес.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: ГрцијаимеМакедонијаПреговори
Share3TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ