• Latest
Добро утро со Орданоски

Кога питонот ги лапна магарињата

March 1, 2018
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026

Се нашла крава која не дава млеко на сточен пазар

November 11, 2026

Скопје добива нов план за воздухот до 2031 година – клучно прашање е кој ќе го спроведува

November 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Кога питонот ги лапна магарињата

March 1, 2018 07:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]М[/dropcap]ислам дека со сè поголема сигурност би можело да се констатира дека е извесно оти питонот на македонското правосудство, откако полека-полека се обмота и околу новата власт, сега почнува со својот смртоносен стисок да ја стега и оваа Влада, да ѝ ги дроби ковчињата, а наскоро ќе бидеме сведоци – незаштитени – како големата уста на овој импозантен влекач ќе го проголта и премиерот Заев. Откако ќе го голтне, силните стомачни сокови на ова чудовиште ќе го дигестираат и ќе го сварат и овој благонадежен реформатор, како што ја разградуваат македонската правна држава со децении наназад. Зад движењето на оваа голема, импозантна змија-преживарка останува лигавата трага на неколку децениски реформи, кои не дадоа речиси никакви резултати за доброто на македонската правна држава.

Необична е отпорноста на правосудната сфера на домашните и странски усилби за реформи. Има некаква невидлива, но речиси мафијашки цврста солидарност во целиот тој антиреформски систем којшто има развиено непробојни автохтони механизми за одбрана од каква било надворешна „загроза“.

Од една страна, моралните квалитети на клучните нивоа во правосудната хиерархија се толку ниско поставени, што каков било апел за професионализам или за чесност во спроведувањето на законот и на процедурите во работењето е како во дом за глуви да шепотите приспивни песни. Можете јавно да ги посрамотите, можете да ги тужите, да им се заканувате со истраги или со контроли, да ги молите или да ги колнете – никој од нив нема ни веѓата да ја помрдне, за да покаже дека нешто од тоа го допира. Фатени се, ин флагранти, во сите можни злоупотреби од подолгиот список за кршење на словото и на духот на законите со кои се регулира нивната работа, а тие удобно си продолжуваат да изигруваат уважени судски величини, мислиш АКМИС-от, на пример, е кратенка за „Асоцијација на Криминализираното Македонско Импотентно Судство“.

Од друга страна, сите концентрични кругови густо распоредени во и околу нашето судство – разно-разни обвинители, адвокати, полицајци, вештаци, притворски и затворски одделенија, нотари и писари, извршители, луѓе од надлежните министерства и државните органи и агенции, стоте правни факултети во земјава, на чело со оној од УКИМ, па дури и новинари кои известуваат за тој сектор – се толку меѓусебно исповрзани, испреплетени, раскарани и смирени, поткупени и исплатени, задолжени, почестени, испратени, дочекани, премачкани, намирисани, подмачкани, напиени, најадени, уценети и преценети, што делуваат како колективна воздушна перница при секој реформски удар врз судството, како сигурносни вентили кои испуштаат пареа пред таа да создаде притисок во судскиот систем, како трамбулина испреплетена од сплотени грбови кои го дочекуваат и смируваат сечиј пад од „полиците“ на судската хиерархија, на начин никој да не биде повреден и веќе колку утре да биде рехабилитиран и повторно подготвен за нови правосудни успеси и отскочни височини!

Всушност, нема друго, нашето правосудство е одраз на нашето општество. Во него владее ниска политичка култура во онаа елементарна димензија на сакањето на сопствената држава и почитувањето на јавниот интерес, макар во неговата минимална супстанца. Тоа е она општество во кое, кога ќе се објави македонскиот катастрофален меѓународен рејтинг за состојбите со корупцијата, сите како чедни сестри, скандализирано, ја обвинуваат владата и премиерот за таквата состојба, иако сите здружно учествуваат во практикувањето или, барем, во премолчувањето и толерирањето на општо распространетата корупцијата. На пример, директор на клиника признал дека побарал и примил поткуп за лечење на дете, условно осуден, па вратен на работа како ништо да не се случило?! Судот така го осудил, а ќе му ги одбрани и работничките права, ако го отпуштат од работа!

Значи, питонот победува. Прашање е дали, во очајнички обид, можете да му ја пресечете главата, бидејќи е веќе предоцна, со устата ја има лапнато и оваа власт, па секој подлабок засек може да нанесе смртоносни повреди и по власта. Затоа, ќе следи прилагодување, договор, компромис, ветување за подобрувања, малку реформска шминка и прскање со дезинфекциската колонска вода „Ружа истока“… До следниот голем проект за судски реформи кога дефинитивно ќе се справиме со системот за делење правда во државата.

Зелената трева е на повидок, магарињата се молат до тогаш да не умираат.

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 12 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: властЗоран ЗаевКорупцијаполитичка културареформисудиисудство
Share376TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ