• Latest

Зошто бев на новинарскиот протест денес?

March 12, 2018

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Зошто бев на новинарскиот протест денес?

March 12, 2018 15:28
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Денес бев на протестот на новинарите во поддршка на Насер Селмани, кој деновиве самиот, но и неговото семејство се соочува со закани, навреди и притисоци од страна на Беќир Асани и нему блиски луѓе. Чувстував потреба да бидам таму со колегите, не само како новинар по вокација и дел од оваа професија повеќе од 20 години, туку и како жртва на постојано вербално насилство, закани, па и повеќе обиди за физичко насилство над мене и моето семејство во изминатите 10 години.

Пишува: Петрит Сарачини

Кога сме кај моето „искуство“, веднаш би сакал да кажам дека за тоа децениско насилство во моја одбрана јавно застанаа Бранко Героски и Џабир Дерала со неколку написи и јавни ставови, за што неизмерно им благодарам. Колку и да се потрудите, за жал, за постојаното насилство врз мене нема да најдете ниту едно соопштение, став, повик на кој било друг индивидуалец од медиумите, редакција, организација, формална или неформална инцијатива.

А случаи имаше повеќе и тоа прилично видливи во јавноста – случајот кога бев лажно обвинет за физички напад, па дури и обид за убиство на Бобан Нонковиќ…постојаните, речиси секојдневни повици за насилство врз мене и други луѓе и говор на омраза на Миленко Неделковски, разни лаги, клевети и навреди од пропагандната машинерија на груевизмот…деновите кога имаше акции за плукање на новинари и интелектуалци (Фрчкоски, Борјан Јовановски) и кај мене дома на врата дојдоа 6 млади насилници со намера да спроведат „видео акција“…во ниту еден од овие случаи немаше структурирана реакција во моја одбрана. Бев приморан битките за заштита на личниот интегритет и интегритетот на семејството да ги бијам најчесто сам, или со колеги – жртви.

Затоа бев денес на протестот за Насер. На него видов и новинари кои беа дел од машинеријата што масакрираше вербално и содржински стотици свои колеги, активисти, јавни личности само затоа што го критикуваа режимот на Груевски. Се надевам дека сега се искрени во своите заложби за слобода на медиумите. Никој повеќе не смее да им се заканува на новинарите, а тие што го прават тоа треба да се соочат со надлежните органи на прогонот, со полиција, со обвинители и судови. Ова општество, ако пледира да се декларира како демократско, не смее да прифати ништо помалку од тоа!

Tags: @активизамБобан НонковиќБранко ГероскигруевизамдиктатураМедиумиМиленко НеделковскинасилствоПетрит СарачинислободаЏабир Дерала
Share105TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ