• Latest

Грчки медиуми: Постигнат напредок во Охрид, но отворени остануваат потешките прашања

April 13, 2018
„Украина и иднината на Европа“, Лондон, 7 септември 2026

Повеќе од 200 учесници на „Украина и иднината на Европа“ во Лондон – парламентарци, медиуми и граѓанско општество во заедничка дебата

September 7, 2026
Путин - Виткоф, 5 септември 2026

Од срамно додворување на Путин до преговори со Зеленски: Виткоф ништо не постигна и по осмата посета на Москва

September 7, 2026
Томас Шулце, БСВ

По изборите во Саксонија-Анхалт: АФД убедливо победи, ЦДУ пред тешки дилеми, БСВ и Левицата клучни за формирањето на власта

September 7, 2026

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
The Europe House, London, photo by European Commission

Украина и иднината на Европа: Украински, британски и европски парламентарци се среќаваат во Лондон

September 6, 2026

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Грчки медиуми: Постигнат напредок во Охрид, но отворени остануваат потешките прашања

April 13, 2018 10:08
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Грчките медиуми акцентот во своите извештаи за вчерашната средба на Никола Димитров и Никос Коѕијас во Охрид го ставот на изјавата на шефот на грчката дипломатија дека се направени чекори напред и дека уште остануваат отворени тешките прашања, но и на делот од изјавата на македонскиот министер за надворешнио работи дека е разговарано и за временскиот рок за имплементирање на еевентуалниот договор.

Грчките новинари коментираат дека и натаму остануваат отворени прашањата-ерга омнес употребата на името, Уставот и националноста, додека, пак, договор е постигнат за заштита на границите, заеднички активности во иднината, билатералната соработка и иредентизмот, пренесува дописникот на МИА од Атина.

Во централните изданија на вестите на грчките телевизии, средбата во Охрид овој пат не беше главна тема поради тоа што од вчера прва вест во Грција е падот на воениот хеликоптер во Егејското море и загинатиот пилот. Но, сепак, новинарите детално и темелно известија за новата рунда разговори на шефовите на двете дипломатии.

„Без големиот чекор од скопската страна завршија разговорите на Коѕијас и Димитров во Охрид, но процесот продолжува со договор за одредени аспекти на името, а остануваат разликите“, објави грчката државна телевизија ЕРТ, додека пак ТВ Антена коментира дека прашањата поврзани со Уставот и севкупната употреба на сложеното име „остануваат на теренот на Скопје“.

„Тешките прашање се пред нас, произлезе по новата средба на Коѕијас и Димитров во Охрид, а двајцата министри беа воздржани оптимисти, од моментот кога консултациите преминаа кон јадрото на критичните прашања“, објави ТВ Скај.

Грчката телевизија Алфа, пак, повикувајќи се на свои информации откри детали околу временската рамка за која разговарале Димитров и Коѕијас.

„Според информациите, временската рамка за која за прв пат разговараа двајцата министри, во главно се однесува на потезите што треба да ги направи Скопје, кога и доколку постои договор, односно кога и како ќе го сменат нивниот Устав, кога и како ќе помине договорот во собранието и кога новиот договор ќе биде доставен во ОН. За сѐ ова да се направи, според истите информации, ќе поминат над 6 месеци“, објави ТВ Алфа, пренесе МИА.

Грчките медиуми коментираат дека по средбата во Охрид, двајцата министри ќе ги известат премиерите, а Димитров и Коѕијас веќе ги закажаа нивните следни средби за идниот месец.

[divide]

Извор: МИА

Tags: ГрцијаГрчкииметоМакедонијаМедиумиспор
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ