• Latest

Вратена безусловната препорака, Могерини и Хан во Македонија

April 18, 2018
Фото: ВИ

24 ЧАСА: Злоупотребата на деца во изборните кампањи мора да престане, апелира ЦИВИЛ; Од денес, полицијата може да ве казни со 40 евра ако поминувате улица со телефон и слушалки; Претседателката прво да си го замете дворот дома

September 26, 2025

Стапи на сила забраната за користење мобилини телефони и слушалки на пешачки

September 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на
DRM News

Амбасадорката Дир се заблагодари на Северна Македонија за приклучувањето кон Њујоршката декларација со која се осудува руската агресијата врз Украина

September 26, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Српски дронови над територијата на Косово; Бериша бара оставка од Рама поради објавени снимки за средба со трговци со дрога

September 26, 2025

Мицкоски: Т.н. Резолуција и текстот внатре ќе се разгледува по изброите, така го разбрав СДСМ

September 26, 2025
Горан Стојанов, градоначалник на Неготино /  фото: Општина Неготино

Неготинец му се заканувал на градоначалникот, кандидат за градоначалник и новинар преку лажен профил

September 26, 2025

„Да си ја вратиме државата“ – партијата на Јанко Бачев на локалните избори

September 26, 2025

Децата станаа реквизит во трката за градоначалник

September 26, 2025
Фото: Кабинет на претседател

Претседателката реши да го замете дворот на ЕУ, наместо прво да погледне во својот

September 26, 2025

УРБАНИ ПРИКАЗНИ: Одржлив развој кој го поттикнува културниот идентитет

September 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Вратена безусловната препорака, Могерини и Хан во Македонија

April 18, 2018 07:41
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Еден ден по објавувањето на Извештајот за напредокот на Република Македонија во процесот на евроинтеграциите во кој ЕК даде чиста препорака за почеток на пристапните преговори, во официјална посета на земјата денеска ќе престојуваат заменик-претседателот на Европската комисија и висока претставничка за надворешни работа и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини и комесарот за европска и соседска политика и проширување Јоханес Хан.

Според најавите, Могерини ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, по што е предвидена нивна заедничка прес-конференција. Високата претставничка на ЕУ утре ќе има обраќање во Парламентот. Еврокомесарот Хан, пак, исто така, ќе оствари официјална средба со претседателот на Владата Заев по што ќе одржат заедничка прес-конференцијата. Хан ќе се сретне и со претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, како и со лидерот на ДУИ Али Ахмети, а ќе учествува и на премиерскиот ручек на Дигиталниот самит што во наредните два дена ќе се одржи во Скопје.

Могерини на прес-конференцијата на која беа објавени извештаите истакна дека позитивната порака, која Скопје ја очекуваше од ЕК дојде и изрази уверување дека земјите од регионот ќе ги спроведат реформите и ќе покажат конкретни резултати, бидејќи, како што рече граѓаните на тие земји тоа го очекуваат од нивните власти.

По објавувањето на извештајот еврокомесарот Хан во изјава за МИА порача дека оваа чиста препорака треба да биде мотивација за реформите како и за името.

– Сега е важно процесот да продолжи и оваа прилика да биде искористена за да се продолжи со реформскиот напредок. Главните забелешки до властите се дека тие треба да се справат со корупцијата, да ги завршат прашањата кои се дел од итните реформски приоритети и да дојдат до конечно решение за името, изјави Хан, додавајќи дека се надева дека “денешната одлука ќе биде уште една силна мотивација да се дојде до договор за спорот за името и да се изоди последната милја.“

Премиерот Заев вчера по објавувањето на Извештајот истакна дека со добивањето на оваа кристално чиста и безусловна препорака земјата е чекор поблиску до ЕУ и до достигнување на економските стандарди на ЕУ.

– Тоа значи дека Република Македонија го исполнува основниот политички критериум за членство во ЕУ, што треба да овозможи почеток на преговорите за пристапување во ЕУ. Ова, исто така, значи дека политичката криза е зад нас и дека ЕУ со внимание и со почит ги следи реформските и политичките процеси и дека сме влезени во редовни политички процеси како секоја функционална демократска држава, кажа премиерот.

Тој оцени дека најголемата заслуга за ова и за спроведување на реформските процеси ги имаат граѓаните на Македонија, но ова е, нагласи, успех и на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи посочи, со враќањето во Собранието таа го направи вистинскиот чекор и покажа дека има нова политичка клима во Македонија и дека не се заборавени државните интереси.

Препорака, нагласи тој, е нов поголем ветар за следните остварувања, а во тој дух на искрена надеж и посветеност, додаде, се разговара со нашиот сосед Грција.

– Остануваме заеднички фокусирани на решавање на долгогодишниот проблем кој го имаат со нашето уставно име. Сакаме за брзо време да го решиме овој спор и за навек да го затвориме и ова прашање, рече Заев.

Посочи дека навистина има напредок во овој процес, а тоа му дава волја и оптимизам во претстојните недели, да се направат напори да се изнајде решение за спорот за името пред самитот на ЕУ во јуни кога ќе се носи и одлуката за датум за преговори. Многу е важно да се реши ова децениско прашање кое веројатно е последното отворено билатерално прашање што го има Македонија, секако водејќи грижа за достоинството и идентитетот, рече премиерот Заев.

Безусловната препорака што Македонија ја доби од ЕК вчера ја поздрави и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

– Безусловната препорака е голема победа за сите Европејци – граѓани на Република Македонија – кои дигнаа глас и успеаја да ја вратат државата на вистинскиот пат, рече Димитров на средбата во Скопје со чешката делегација, предводена од потпретседателот на Сенат, Јири Шестак.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар на прес-конференцијата по објавувањето на извештајот на ЕК упати честитки до граѓаните на земјата за чистата препорака за почеток на пристапните преговори.

– Им честитам на граѓаните на земјата за правењето многу важен чекор напред, а тоа е добивањето чиста препорака за почеток на преговорите. Тоа не беше лесно за земјата која помина тешки моменти изминатите години. Мислам дека со заеднички напори на сите кои се чинители во државата, Парламентот се подобри, Владата се ангажираше во сите области што се посочени во нашиот извештај. Сето тоа е одразено во нашиот извештај и како резултат на тоа Комисијата даде препорака, истакна Жбогар.


Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕУизвештајМакедонијаПреговорипрепоракачленство
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Албанија може да ги затвори преговорите за ЕУ до крајот на 2027; Тачи не носел одлуки во ОВК

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Војвотката од Јорк, Сара Фергусон отстранета од три добротворни организации поради е-пошта во која го нарекува Епштајн нејзин „врховен пријател“

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Две години од нападот во Бањска, терористите сè уште на слобода; Разрешен градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај; Рама ги повика странците да инвестираат во Албанија пред зачленувањето во ЕУ

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Скопје – „Метропола“ на сметот!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ