• Latest

Македонија на Венециското биенале на архитектура

April 30, 2018

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Македонија на Венециското биенале на архитектура

April 30, 2018 13:20
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Република Македонија со проектот „Ослободување на просторот“ (Freeingspace) ќе се претстави на 16. Меѓународна архитектонска изложба-la Biennale di Venezia 2018, која ќе почне на 26 мај и ќе трае до крајот на ноември годинава. 

Претставувањето на Македонија на Венециското биенале е со поддршка на Министерството за култура, Музејот на современа уметност, Град Скопје и општина Центар.

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски на денешната прес-конференција рече дека годинава македонското претставување е уникатно од повеќе аспекти.

– За разлика од вообичаеното претставување на веќе изработени дела и проекти, овоа претставување е посебен проект кој својата промоција ќе ја види токму на Венециското биенале на архитектура. Важно е што се работи и за проект кој вклучува многу наши, но и странски перспективни и наградувани автори, соопшти Алаѓозовски.

Проект Ослободување на прпсторот

Министерот за култура изрази задоволство од тоа што авторите се согласиле за Венециското биенале да подготват проект кој, како што рече, ќе направи една архитектонска дисекција на таканаречениот проект „Скопје 2014“, која отвора можност за нови согледувања за начините со кои ќе можеме да се справиме со ова наследство кое де факто ќе остави белези на архитектурата на главниот град.

Според него, овој проект не е само патување низ историјата на современата македонска архитектура преку неколку објекти од „Скопје 2014“.

Автори на пректот се: Дејан Ивановски, Филип Јовановски, Благоја Бајковски, Марина Торнатора, Лучија Ла Џуса, Алесандро Де Лука, Владо Данаилов, Мила Димитровска, Гордан Витевски, Александра Шулевска, Слободан Велевски и Марија Мано Велевска.

Кураторите на годинашново македонско претставување во Венеција се Марија Мано Велевска и Слободан Велевски го претставија проектот и појдовната идеја-современо читање на градскиот простор, односно потенцирање на вредноста на јавниот споделен простор. Велевски рече дека проектот локациски се врзува за Скопје и се испитува наследството кое зад себе го остави проектот „Скопје 2014“.

– Содржината на проектот „Ослободување на просторот“ како куратори ја поставивме врз три клучни тези. Првата е „Скопје 2014“ не е архитектонски проект бидејќи во себе ја нема логиката која ја има архитектонската професија-да создава јасна просторна и програмска композиција. Втора теза е дека неговата единствена вредност е дека тој постои и како таков во просторна смисла физички влијае на контекстот на градот во моментот. Трето, ние сметаме дека современиот градски простор се темели пред се на важноста на заедничкиот јавен простор во кој се споделува граѓанската различност или различните потреби на луѓето кои живеат заедно, рече Велевски.

Во проектот избрале четири парадигматични простори кои, како што рече, се вткаени во архитектонската и колективна меморија на Град Скопје кои претпеа корените промени со „Скопје 2014“. Тоа се платото на МОБ и кејот на реката Вардар, објектот на Владата, Поштата со телекомуникацискиот центар и објектот на МЕПСО и стоковната куќа „НАМА“, која излегува на плоштадот „Македонија“, дело на архитектот Славко Брезоски.

Од МСУ најавија дека овој проект пред македонската публика ќе биде претставен на почетокот на следната година.


Извор: МИА

Tags: 2018Венециско биеналеМакедонијаОслободување на просторот
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ