• Latest

Куманово: Две години од „малата“ крвава војна! (од архивата на ЦИВИЛ)

May 9, 2018

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Куманово: Две години од „малата“ крвава војна! (од архивата на ЦИВИЛ)

May 9, 2018 09:46
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Поминаа две години, откако на 9 и 10 мај 2015 година, во сé уште нерасчистени околности, загинаа осум, а беа ранети триесет и седум (според некои информации, педесет!) припадници на полициските единици, во крвавата престрелка во кумановската населба Диво Насеље. Настанот што предизвика огромна загриженост кај граѓанитe на Македонија, сé уште буди сомнежи и лоши спомени. Според некои анализи, тоа беше терористички акт, иако речиси сите од дваесет и деветтемина обвинети, ги отфрлаат таквите обвинувања, тврдејќи дека биле наместени.

„Бевме искористени за политички цели и не сме ниту први, ниту последни кои сме искористени за тоа“, изјави Насуф Бекири, еден од обвинетите, минатата година. Тој и обвинетиот Руфки Догани тврдеа дека биле наместени. Бекири, исто така, побара овој случај да биде расветлен од ЕУ и од САД, велејќи дека нема да признаат никаква вина.

На обвинетите им се суди за тероризам и за нарушување на уставниот поредок, дела за кои се се изрекува затворска казна од 8 до 10 години, или доживотна казна. Но, истовремено, дел од обвинетите тврдат дека биле малтретирани и измачувани во затвор. И правобранителот Иџет Мемети го потврди ова во својата изјава: „Ова не се мои констатации, туку се работи за вербални и материјални докази.“

                                                                                                       Куманово, 16 мај 2015

ЦИВИЛ – Центар за слобода бараше од МВР и надлежните институции да му дозволат на Мемети да ги посети затворениците.

Исто така, за ЦИВИЛ беше неприфатлив фактот што на почетокот, МВР изјави дека „загинале 14 терористи“, за потоа, Обвинителството да излезе со бројка од 10 загинати напаѓачи. ЦИВИЛ реагираше на непрофесионалноста на МВР и институциите, како и на нивната нетранспарентност и затвореност за јавноста и медиумите. Ваквата нетранспарентност придонесе граѓаните да ја изгубат довербата во сопствената полиција.

Освен шпекулациите дека македонските власти (односно, македонската ДБК) се поврзани со организирањето на целиот настан, интересен е фактот што овој конфликт, кој имаше тенденција да прерасне во меѓуетнички, се појави токму во време кога во јавноста беа пуштени првите „бомби“ на Зоран Заев.

Адвокатот Насер Рауфи, бранител на обвинет за Диво Насеље, на едно од рочиштата изјави: „Додека пак, за решителните факти, ние сметаме дека има една генеза, значи една поврзаност на настаните и ’Диво насеље’ – со ‘бомбите’, т.н бомби, прислушуваните разговори. Јас и обвинетите сме убедени дека со овие настани, сакаше да се дефокусира јавноста од прислушуваните разговори”.

Тимот на ЦИВИЛ, заедно со Јосип Јуратовиќ, пратеник во германскиот парламент и истакнат синдикален лидер во Германија, на 16 мај 2015 го посети Диво Насеље и разговараше со населението, директно погодено од неочекуваниот вооружен напад врз нивните домови.

Со Јуратовиќ разговаравме за неговите први впечатоци по разговорот со локалното насление и увидот на направената штета.

Она што ни остави впечаток за време на посетата беше дека луѓето беа револтирани. Материјалната штета ќе се надокнади, но претрпениот страв и обидот да се растури по етнички линии, соживотот граден со години, се лузни кои тешко ќе зараснат.

Во февруари 2016, Насер Рауфи побара случајот да биде преземен од Специјалното јавно обвинителство на Катица Јанева, но неговото барање беше отфрлено од судот.

Во Диво Насеље од гранатирањата настрадаа 68 домови, и девет месеци по трагичните настани, дел од семејствата сè уште престојуваа во куќите на  роднини или под кирија. За дел од семејствата, таа состојба ниту по две години не е сменета.

Во Куманово на 9 мај 2016 се одржа протестен марш со кој се одбележа годишнината од настаните на 9 и 10 мај претходната година. Колона од 2.000 граѓани поминаа низ улиците на Диво Насеље и пред амбулантата „Тоде Мендол“, каде претседателот на месната заедница, Шабан Демири, одржа говор во кој ги потсети жителите дека и покрај обидите да се создаде меѓуетнички судир, во судирот страдале сите. И дека тоа, ги зближило уште повеќе.

Исто така, Демири потсети дека многу семејства чии домови беа демолирани, сè уште живеат по роднини и пријатели или под кирија, а средствата за покривање на материјалната штета уште, не им се исплатени. Само мал дел од нив, со сопствени средства успеале да ги реновираат своите домови.

Оваа година сѐ уште се актуелни прашањата: Што, всушност, се случи во Куманово? Кој е виновен за осумте загинати полицајци? Кои беа мотивите? Дали претходно УБК знаела за групата и ако е така, зошто дозволила да дојде до вооружено насилство? Кога случајот ‘Диво Насеље’ ќе има судска разрешница?

И ако секое рочиште се одвива зад затворени врати, кога семејствата на загинатите припадници на полицијата ќе добијат информација дали можеше да се спречи крвавиот 9 мај 2015?

Денес во кумановското Диво Насеље куќите се реновирани. Улиците исто така. Понекоја трага од куршуми на напуштените куќарки, се единствените сведоци дека некој, таму, се обидел да предизвика „мала“ крвава војна.

Биљана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: 9 МајбомбиДиво НасељеЈосип ЈуратовиќКумановонеодговорени прашањаСЈОУБКЦивил
Share37Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ