• Latest

СЈО побара Груевски и Поповски да бидат прогласени за виновни во процесот „Тенк“

May 17, 2018
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

СЈО побара Груевски и Поповски да бидат прогласени за виновни во процесот „Тенк“

May 17, 2018 14:04
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Специјалното јавно обвинителство во завршните зборови за предметот „Тенк“ бара судот да ги прогласи за виновни поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот помошник-министер во МНР Ѓоко Поповски, како и да ги платат судските трошоци во висина од 313.160 денари.

Обвинитгелот Гаврил Бубески во завршните зборови побара судот при утврдување на кривичната одговорност на обвинтетите да ги имаат предвид отежнителните околности дека Груевски дејствувал со директна умисла додека бил премиер и делото го направил од лична желба, но со буџетски средства, а како олеснителна неговата семејна состојба.

Обвинителството појасни дека обвинението е за незаконската постапка за набавка на блиндирано возило „мерцедес гард“ и дека Груевски барал незаконски да се изврши, така што небитно е дали се возел или не.

– Од МВР на Мак Ауто Стар во 2012 година му се исплатени 35.226.000 денари за набавката. Мак Ауто Стар со тоа остварил за 2,3 проценти повисок профит од продажбата на возила на овој економски оператор, рече Бубески.

Стевчо Донев од СЈО на почетокот на завршните зборови рече дека обвинетиот Ѓоко Поповски во 2011 година донел одлука за купување половно безбедносно возило согласно намалената економска и куповна моќ на МВР, но потоа е променета и поништена со цел да се набави вакво ново возило.

Донев, исто така, посочи дека МВР претходно предвидело 15 милиони денари за набавката на половно возило, а потоа ја зголемило на 30 милиони денари за набавката на ново визло.

Адвокатите од одбраната во завршните зборови рекоа дека набавката на возилото била непходна поради безбедносни и технички причини.

Адвокатот Сања Алексиќ рече дека со доказите од Обвинителството не се докажува делото за кое се терети Груевски и предложи ослободителна пресуда.

Според Алексиќ, Обвинителството тврди дека од аудио-разговор на обвинетиот Никола Груевски со едно женско лице се покажува како се договарала набавката на „тоа на М“ од што, како што рече, Обвинителството заклучува дека станува збор за договарање на набавка на блиндирано возило „мерцедес гард“.

Судијката Добрила Кацарска на барање од одбраната даде пауза од половина час, по која што, како што рече, ќе се продолжи со завршните зборови на одбраната.

Во „Тенк“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски и поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, за која постапката е издвоена поради „ризична бременост“.

Груевски, Јанкулоска и Поповски се обвинети за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра.

Според СЈО, Груевски како премиер побарал од Јанкулоска да определи лице кое ќе спроведе незаконска јавна набавка за ново блиндирано возило, а се фаворизирала фирмата „Мак Аутостар ДООЕЛ“. За да го исполни барањето Јанкулоска го ангажирала Поповски и двајцата ја злоупотребиле службената положба и овластување. МВР направило набавка на возилото кое требало да и биде дадено на Владата, но според обвинителниот акт, било набавено затоа што Груевски сакал да се вози во такво возило, но не сакал јавноста да знае за тоа. (МИА)

Tags: Ѓоко ПоповскиМВРНикола ГруевскирочиштеСЈОсудењеТенк
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ