• Latest

Димитров, Коѕијас и Нимиц ги продолжија преговорите во Њујорк

May 25, 2018
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Димитров, Коѕијас и Нимиц ги продолжија преговорите во Њујорк

May 25, 2018 15:59
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас денеска во Њујорк ги продолжија преговорите за спорот со името со посредство на медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц. 

Средбата, како што беше најавено почна во 09:30 часот по њујоршко време или 15.30 часот по македонско време, а по завршување на денешната рунда се очекува некој или сите учесници во процесот да дадат изјави за тоа дали е направен некаков исчекор во преговорите.

Во пресрет на новата рунда разговори за името, која започна вчера во 16:30 часот по македонско време, Димитров и Коѕијас одржаа посебни средби со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш на кои се разговарало за последните случувања од разговорите за надминување на разликата околу името што се одвиваат под покровителство на Светската организација.

– Со визија и лидерство на двете страни имаме историска шанса да затвориме еден повеќедецениски, историски спор, порача Димитров по средбата со Гутереш.

Грчкиот министер за надворешни работи Коѕијас, пак, по средбата со генералниот секретар на ОН, спроти денешната нова рунда разговори со неговиот македонски колега и медијаторот Нимиц, изјави дека другата страна треба да покаже прагматизам и реализам за да најде решение.

Прашан дали од Нимиц очекува да достави синтетичен предлог од сето она што го доставиле двете страни, Коѕијас вели дека Грција го сторила тоа, но останува отворено прашањето со името.

– Од Нимиц ја очекуваме неговата мудрост за време на преговорите, вели шефот на грчката дипломатија и објаснува дека преговорите се поделени на два дела, оние меѓу министрите за надворешни работи кои разговараат за централните политички прашања и меѓу техничките групи.

Грчкиот премиер Алексис Ципра, пак, денеска од Солун порача дека Грција во преговорите не оди за да даде нешто.

– Не одиме за да го дадеме името Македонија, како што тврдат некои, одиме да земеме назад нешто што е дадено пред 70 години, рече Ципрас.

Ципрас смета дека името без одредница, „упатува на античкиот грчки свет и на големото културно наследство на грчката Македонија“, а во преговорите Атина се стреми ова да го добие назад, нешто што според Ципрас, „не е лесно“.

Грчкиот премиер додаде дека е време двете земји да постојат заедно, да соработуваат и да живеат во мир во корист на целиот регион.

Средбата во Њујорк следи по минатонеделните разговори на премиерите на двете земји Зоран Заев и Алексис Ципрас на маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија на кои опцијата „Република Илинденска Македонија“ беше издвоена како најприфатлива.

Македонската страна пред средбата во Њујорк изјави дека останува на ставот дека тоа е добар предлог за конечно решение, додека грчката го отфрли предлогот и нагласи дека преговараат врз основа на четирите имиња од пакетот – предлози од Нимиц. (МИА)

Tags: Метју НимицНикола ДимитровНикос КоѕиасЊујоркПреговорисредба
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ