• Latest

Алаѓозовски дел од „Европа-поглед кон иднината“

May 31, 2018
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Алаѓозовски дел од „Европа-поглед кон иднината“

May 31, 2018 11:41
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Национализмот и авторитаризмот се главни ризици за заедничката иднина на Европа, истакнал македонскиот министер за култура Роберт Алаѓозовски, во обраќањето на 6. Европски форум „Европа – поглед кон иднината“, што се одржува во Гдањск, Полска.

Таквите тенденции, посочил Алаѓозовски, се видливи и во многу земји на ЕУ.  – Недостатокот на политички одговори и решенија од областа на економијата, вработувањето, животниот стандард, животната средина итн., обично се компензира со разгорување на националистичките наративи, изолационизмот и поттикнување страв и омраза од и кон „другиот” (страв од различна политичка идеологија, различна етничка припадност, религија, страв од имигранти, Русија, Кина, САД …), навел Алаѓозовски, соопшти Министерството за култура.

Заедничката иднина на Европа, Алаѓозовски ја гледа во интензивната меѓусекторска соработка – хоризонталната соработка и интеграцијата на културата со другите секторски стратегии, како неизбежни за културниот развој и социјалната кохезија.

– Поддршката и промоцијата на културната разновидност и разновидноста на културното изразување, културниот плурализам, поддршката и промовирањето на меѓукултурниот дијалог, институционалната размена и градење на капацитетите, активното граѓанство, развојот на публиката, решавање на проблемите на недозволена трговија со културни добра, авторските права и сл., се предизвици кои нè доближија во заедничка соработка во насока на придонес кон развојот на нашиот регион и Европа како една целина, порачал Алаѓозовски.

Тој  вчера имал средба со градоначалникот на Гдањск, Павел Адамович, со кого се заложиле за остварување конкретна соработка, особено во културната размена и интензивирање на регионалната балканско – балтичка културна соработка.

На маргините на конференцијата министерот Алаѓозовски, имал средба и со Лех Валенса, поранешен претседател на Република Полска, добитник на Нобеловата награда за мир и водач на демократските промени во оваа земја во 80-тите и 90-тите години.

Како што се наведува во соопштението, Алаѓозовски го запознал со актуелната политичка ситуација во Македонија, демократските промени кои се случија пред една година и чекорите на новата влада во насока на консолидација на демократските процеси и враќање на земјата кон евроатланските интеграции. Валенса се интересирал за деталите околу решавањето на спорот со името и развојот на добрососедските односи.  Тој ги поздравил напорите на Република Македонија да стане дел од НАТО и ЕУ и рекол дека Европската унија мора да го обедини целиот европски регион, да развие поблиски односи со САД доколку сака да ги преброди успешно предизвиците на глобализацијата,  информираше Министерството за култура. (МИА)

Tags: КУЛТУРАПолскаРоберт Алаѓозовски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ