• Latest

ССНМ го осуди вербалниот напад врз новинарот на Алсат

June 1, 2018
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ССНМ го осуди вербалниот напад врз новинарот на Алсат

June 1, 2018 09:33
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници најостро го осудува насилното и примитивно однесување на членот на Управниот одбор на Кластерот за текстил Сашко Станоевски кон новинарот на Телевизијата Алсат – М, Иле Петрески на прес-конференцијата во моментот кога тој поставил легитимно новинарско прашање.

– За жал, повторно имавме можност да посведочиме на каков третман се изложени новинарските екипи кога поставуваат прашања до оние кои себеси се доживуваат или имаат третман на моќници, се вели во реакцијата на синдикатот.

ССНМ потсетува дека прес-конференциите не се полигон за изживување и навреди кон новинарите и медиумските работници, туку место од каде претставниците на Кластерот преку комуникација со новинариските екипи и се обраќаат на јавноста.

– Оттаму, односот што членот на Управниот одбор на Кластерот за текстил Сашко Станоевски го демонстрираа кон колегата Петрески говори за нивниот однос и почитување на јавноста на која и се обраќаат како и за нивната неспособност да одговорат на легитимни прашања кои токму преку новинарите истата таа јавност би им ги поставила, се додава во реакцијата.

ССНМ бара од Кластерот за текстил кој во своите активности и услуги наведува и обуки за своите членки да се посвети на нивното едуцирање за слободата на изразување, јавниот интерес и корпоративната одговорност, како и извинување до колегата Петрески и ТВ Алсат – М.

Како синдикат ССНМ апелира до надлежните институции да ги засилат инспекциите во текстилните фабрики, бидејќи односот на сопствениците кон новинарите укажува на реална опасност дека вработените во тие фабрики се изложени на сериозен мобинг и заплашување.

– Ако некој нема проблем да биде насилен пред камери, не е тешко да се претпостави како се однесува кон оние што поради природа на работите му се подредени, а тоа се текстилните работнички за кои постојат сериозни индиции дека работат во нечовечни и експлоатирачки услови, додава ССНМ.

Апелира до колегите новинари да бидат будни во препознавањето на потребата за одбрана на професионалното достоинство секогаш кога се сведоци на вербален или физички напад на нивен колега и да покажат солидарност со бојкот и напуштање на прес-конференцијата.

– Медиумите и уредувачките политики се менуваат, но припадноста на професијата, довербата на јавноста и поддршка на колегите се константна вредност која мора да биде приоритет за новинарите и медиумските работници, додава ССНМ.

(МИА)

Tags: АлсатнападновинаросудаССНМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ