• Latest

Шекеринска за ИБНА: Постојат многу опасности околу нас, да создаваме сојузници и пријатели

July 14, 2018

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Шекеринска за ИБНА: Постојат многу опасности околу нас, да создаваме сојузници и пријатели

July 14, 2018 13:16
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Македонија изгуби историска шанса во 2008 и не можеме да си дозволиме таков луксуз да испуштиме уште една шанса. Нѐ чинеше загубена деценија, а го загубивме и чекорот со нашите соседи, вели вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска во интервју за Независната балканска новинска агенција (ИБНА).

Таа истакнува дека во пресрет на референдумот, фокусот треба да биде на позитивниот аспект, на позитивните резултати од Договорот со Грција, кои не се само НАТО и ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина.

– Последиците од „не“ (на референдумот) се сериозни. Луѓето немаат потреба од нас, ние да им ја нацртаме оваа мрачна слика, бидејќи ја видоа во нивниот реален живот. Верувам дека треба да направиме кампања којашто ќе се фокусира на позитивните работи. А, не верувам дека единствените позитивни работи се поканата од НАТО или членството во ЕУ. Јас не сум лажна идеалистка кога велам дека ако погледнете и ги видите вашите соседи како ваши сојузници, ќе ви биде многу подобро. Ќе бидете посилни. Ќе бидете постабилни. Затоа, верувам дека можеби основниот аргумент за нашиот договор со Грција не се само ЕУ и НАТО, туку фактот што можеме да кажеме „избравме друг курс, вели Шекеринска.

Потенцира дека Македонија и Грција делат исти проблеми, исти ризици и се соочуваат со истата криза, „а ако не го разбереме нашиот регион и нашата стабилност, некој друг ќе го стори тоа и нема да ни се допадне“.

Во однос на ставот на граѓаните во Македонија вели дека секогаш ќе постојат луѓе што чашата ја гледаат полупразна или полуполна.

– Врз база на бројните разговори и дискусии што ги имав со голем број луѓе во Македонија, тие имаат некои критики во однос на аспектите на договорот, кон целата идеја дека мораше да преговараме за такво нешто за да се придвижиме напред. Но, длабоко, тие ја ценат стабилноста. Длабоко во нив ценат решенија. Длабоко ги ценат лидерите кои им велат „тешко е, но ќе успееме”, наместо оние кои се жалат за другите, за оние кои создаваат непријатели околу нас. Значи, да, ќе постојат гласни критичари на Договорот, но не се сомневам дека мнозинството од граѓаните на нашата земја се чувствуваат подобро и посигурно за да ја видат ова поинаква иднина што се распространува пред нив, нагласува Шекеринска.

За позициите на граѓаните од другата страна на границата, за несогласувањата што постојат во Грција, порачува дека е време за градење сојузништво и пријателство.

– Мислам дека грчките граѓани ќе најдат многу отворена и пријателска држава на север. Споделивме многу работи, а оваа деценија на замрзнати односи, нѐ натера да ги заборавиме овие работи. Грција беше најголем инвеститор во Македонија. Мислам дека тоа беше добро и за грчката економија. Мислам дека тоа беше одлично за грчкиот туризам, за малите бизниси итн. Логично е. Мислам дека постојат доста опасности околу нас, ајде, кога можеме, да создаваме сојузници и пријатели, вели Шекеринска.

Коментирајќи ја поканата за членство во НАТО, министерката за одбрана објаснува дека „земјата помина тешки и критични периоди во изминатите три години“ и се потсетува на моментот кога беше формирана владата како момент на, како што вели, голема радост, но и голема одговорност. Тогаш стремежот бил, следната година Македонија да добие покана од НАТО, но и датум за пристапни преговори со ЕУ.

– Но бевме некако скептични дали работите можат да се движат доволно брзо. Така, кога земјата го склучи договорот со Грција, беше навистина момент на надеж. Денес, оваа надеж станува се пореална. Но, во политиката, особено на Балканот, завршено е само кога целосно ќе се заврши. Затоа треба да останеме фокусирани. Може да имаме ден за славење, но во реалноста најголем дел од мислите и нашите чувства веќе се насочени кон следната цел, а тоа е еден успешен референдум, успешен процес на имплементација и интеграција во НАТО, вели министерката за одбрана во интервјуто за ИБНА, пренесе МИА.

(МИА)

Tags: ГрцијаИБНАМакедонијаНАТОРадмила Шекеринска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ