• Latest

Куманово доби Центар за упатување на жртви од сексуално насилство

July 14, 2018
Алис Вајдел (фото извор: Wikipedia)

Хакирани мејлови откриваат детали за нелегалните донации на германската АфД, Алис Вајдел под лупа

October 25, 2026

Судири во Лазаревац, колона на Жандармеријата кон Белград и полициски возила во центарот (ВИДЕО)

October 25, 2026

Србија гласа: Висока излезност, насилни инциденти и стравувања од постизборна криза – се зборува за „план Б“ на Вучиќ (ИНФОГРАФИК / ВИДЕО)

October 25, 2026
Панчево, Србија, 25 октомври 2026

Маскирани напаѓачи со метални шипки и факели нападнаа млади луѓе во Панчево (ВИДЕО)

October 25, 2026

Маневски за ЦИВИЛ МЕДИА од Белград: Сериозни изборни нерегуларности, долги редици и сведоштво за генерацијата што бара правда (ВИДЕО)

October 25, 2026

Пет дизајнери што го променија лицето на урбаната мода

October 25, 2026

Србија гласа: До 11 часот излезноста достигна 27,3 отсто – речиси двојно повеќе од изборите во 2023 година. Што може да значи тоа?

October 25, 2026

Хоџиќ и Андонов: Изборите во Србија може да ја променат политичката слика на Западен Балкан

October 25, 2026

Референдумска атмосфера во Србија, речиси 20 отсто излезност до 10 часот, долги редици и во Њујорк (ВИДЕО)

October 25, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Убаини

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Куманово доби Центар за упатување на жртви од сексуално насилство

July 14, 2018 14:55
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во просториите на кумановската болница денеска беше отворен Центар за жртви од сексулано насилство. Центарот е резултат на мултисекторската соработка на министерствата за здравство, труд и социјална политика, внатрешни работи, а се реализира со поддшшка на УНДП и УНФПА и организацијата Хера.

По потпишувањето на Истанбулската конвенција,  во Македонија ќе се отворат центри во Тетово и Скопје, за што УНДП и УНФПА одвоија 400.000 долари.

Жртвите на сексуалното насилство во центарот, ќе добијат, здравствена, правна, психолошка помош, ќе бидат сослушани од полицијата, обвинителството.

Во Македонија претходно немаше ваков центар, посочи постојаната претставничка на УНДП, Луиза Винтон и потсети дека во минатото жртвите талкале по канцелариите, постојано раскажувајќи ја приказната, чуствувајќи се понижено, понекогаш и виновно за чинот кој им се случил.  Таа истакна дека елиминирањето на насилството врз жените е прироитет за ОН како дел од родовата еднаквост, потстесувајќи дека Владата ја ратификувала конвенцијата која е правна рамка за брорба против насилството врз жените.

– Во Македонија мал е бројот на жени кои се решаваат да го пријават сексуалното насилство направено врз нив. Националните статистики за ваквите дела се ниски во државата, но тоа не знали дека тоа не се случува туку дека многу мал број жени се решаваат да ги пријават, рече Винтон.

Министерот за здравство, Венко Филипче, посочи дека Центарот ќе понуди соодветен треман на жртвите од сексуално и родово насилство, што се базира на претходно ратификуваната конвенција.

– Во периодот кој што следи ќе бидат отворени уште два вакви центри ширум републиката, согласно бројноста на населението, истакна Филипче.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, информираше дека во подготовка е оперативниот план кој за пет години ќе ја подготви Македонија да понуди заштита и превенција од сите форми на насилство врз девојките и жените.

– Продолжуваме понатаму сите региони во државата  да го добијат тој минимум пакет на услуги со кој секоја девојка, секоја жена треба да се чуствува безбедно во својот регион, своето место на живеење, рече Царовска.

Министерот за вантрешни работи, Оливер Спасовски, изрази задоволство што токму во Куманово за прв пат се отвара ваков центар. кој ќе понуди заштита и помош на жртвите, дека ќе јакне свеста кај граѓаните и ќе се применат европски вредности во државата.

– Се надевам дека ќе имаме сериозен успех, ќе ја подигнеме свеста кај граѓаните да соработуваат, да ги пријавуваат ваквите настани. МВР е и ќе биде понатаму еден од партнерите кои сериозно ќе помогне во оваа борба на заштита на жртвите на сексуално насилство, нагласи Спасовски.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски изрази благодарност до чинителите за успешното имплементирање на проектот со кој ќе им се понуди соодветна гржа на жртвите од општината и регионот.

Tags: заштитаКумановоЛуиза ВинтонМаксим ДимитриевскиМила Царовскасексуално насилствоУНДП
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ