• Latest

„Од нас, држава не бива!“

August 13, 2018
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

„Од нас, држава не бива!“

August 13, 2018 14:01
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Лудо-збунета приказна за онаденитe…

Пишува: Синиша Станковиќ

Пред точно две години, неколку месеци пред парламентарните избори, закажани за декември 2016, по електронската проверка на Избирачкиот список, веднаш он-лајн реагирав, па телефонски се жалев во Државната изборна комисија, па молев,  пекав и лелекав преку civilmedia.mk, некој од надлежните да ми помогне и да ги избрка од мојот стан и од Избирачкиот список, двајцата „фантоми“, кои според МВР и ѓурултијата што наместо список на граѓани со право на глас, ни ја сервира(ше) ДИК, си живеат со мене. Со години… Наместо да регираат, по ептен фантомските вкрстени и „теренски проверки“, дури и мене ме турнаа во „спорните“, па потоа испадна дека, сепак, сум исправен… Конфузија на куб…

И затоа,  најискрено, кога на гласањето 2016-тата, ѕирнав дека барем едниот од натрапниците го нема на списокот, позитивно се шокирав. И поверував дека има шанси… И Македонија некогаш, да стане држава. Ајде, можеби не асли сериозна, ама држава со повеќето нишани… Само, кусо траеше радоста. До актуелниов јавен увид во Избирачкиот список… Повторно, двајцата „фантоми“, си живеат во мојот стан, број 1, навистина едниот од нив е заведен во некаков стан со број 001… Да не е налудничаво, би било ептен смешно.

Државната изборна комисија тврди дека за Избирачкиот список е надлежно Министерството за внатрешни работи и ги упатува граѓаните, самите да докажуваат со имотни листови дека се сопственици на своите домови и дека „фантомите“ не смеат да бидат во списокот, како и да пријавуваат во полиција?! На новинарско прашање, од ДИК добив одговор дека податоците во списокот се од МВР, и дека спорните лица не би можеле да бидат таму, ако не поседуваат валиден документ од токму тоа живеалиште, издаден од МВР. Во превод, некој од МВР на двајцата мои „фантоми“ им издал валиден документ дека живеат кај мене?! Луд, збунет, онаден…

По препораката од  ДИК, утрово бев во полициската станица во моето маало. Полицајката на шалтерот, најљубезно ме сослуша и веднаш ме прешалта на постариот колега полицаец, кој уште пољубезно ме сослуша, иако ми се чинеше, дека непара ме разбира што зборувам… И тој ме прешалта – кај инспекторот кој беше на состанок, за на крајот, еден помлад униформиран полицаец, најљубезно да ме сослуша и да ми каже дека не можам во полициска станица да пријавувам виртуелни натрапници во мојот стан и дека треба да одам во ДИК. Откако, му повторив дека ДИК веќе ме упатила во полиција, и дека не е баш ОК, нели, ДИК и МВР да си играат „одбијанка“ со граѓаните, ни кривиот ни должен припадник на органот, ме упати во објектот на МТВ. Не знаеше кај кого точно, но таму „во управа, во службите на МВР“ да прашам кој е надлежен, некој кому треба да му го пријавам случајот, за потоа, тие демек, надлежните, да имаат увид дека моите „фантоми“ се спорни, ако случајно, дојдат пак да си вадат лични карти или пасоши на мојата адреса! На обидот да му објаснам дека сето тоа веќе сум го направил, пред две години, дека „фантомите“ биле избришани, па пак вратени на списокот (што значи, ако ДИК е во право за нивните, валидни нели, документи, дека некој во МВР во последниве две години им издал фалсификат документи на моја адреса!?) , полицаецот само ги крена рамениците…

Јас се прекрстив, на чудење на стражарот со автомат на паркингот, и заминав. Во посреќна иднина…

Едниот „цимер“ го познавам, од него го купив станот, и тој веќе 14-15 години живее во прекуокеанска земја. Другиот, поим немам кој е, ама сигурно во мојот стан не живеел барем  од почетокот на независноста на Македонија… Е, ама според папазјанијата што ја создаваат ДИК& МВР, јас сум тој што треба нешто да докажува, додека тие чекаат од Бога росица, а „фантомите“ (лично или некој во нивно име) ќе имаат можност да гласаат и на претстојниот референдум… А за да се спречи криминалот,  јас треба да се акам до Статистика, до Управата за водење на матични книги, до Канада…?

Е, за лудницата не е виновно, ни пустото… (турско, српско, бугарско, југословенско, демек, комунистичко…) , туку, неспособноста, неграмотноста и немањето желба да се воведе ред во тоталниот хаос во Македонија. Оти, во матното полесно се лови… Традиционално.

Кон крајот на осумдесеттите години од минатиот век, со почетоците на крајот на Југославија и будењето на националниот занес во Македонија, полека исчезнуваа и последните, налудничави комшиски „историчари“ или „аналитичари“  кои го оспоруваа националниот идентитет на Македонците, но и понатаму бројни беа скептичните граѓани во тогашната СР Македонија, кои, пред секој поголем предизвик и по секоја поголема грешка (какви, во времето на премрежијата, имаше колку ти душа сака), веднаш песимистично креваа раце, тврдејќи дека „од нас, држава не бива!“… Тогаш, и меѓу новинарите кои беа похрабри од политичарите, имаше резервирани во поглед на иднината, а камоли, меѓу набрзина пресоблечените народоусреќители. Тие, сомневајќи се и во сопствениот народ, смислија Итерпејовско референдумско прашање за сите да бидат задоволни, па Македонија некако, „турни ме да кинисам“, и покрај скептиците, стана независна, самостојна и суверена. И веќе 27 години, дома си живурка – по балкански, а надвор, од петни жили се труди и мака мачи да ги убеди и ЕУ и НАТО, дека ќе напредува, дека ќе се подоправи, дека ќе заслужи да стане нивна членка… Оф, оф, од ова дереџе, какви евроатлантски интеграции, какви бакрачи…

Држава  во која деценија ипол не може да се постигне политички договор за да се спроведе статистичка операција за пребројување на граѓаните, па во Избирачкиот список, според неофицијални проценки има сто(тици) илјади луѓе повеќе, отколку што во моментов е вкупниот број жители, демек, со акламација, сака да стане дел од современиот свет?! Па, идната Северна Македонија во моментов е „Дивиот Запад“ на Југоисточна Европа! Привремено се раатисавме од криминалната организација што цела деценија ја тормозеше Македонија, но ако актуелнава власт, не престане со недугавите ПР идиотизми на ФБ/Твитер бадаваџиите („како баба знае, така бае“), и, и покрај силните опструкции од заостанатите арамиски инсталации во сите сфери на живеачката, конечно, не покаже на дело  – дека има желба и посветеност, и пред сé, знаење, од корен да го реформира паланечкиот менталитет, за да нé поттурне троа напред од батаков, колку и застрашувачки да звучи, може Фамилијата и да се врати… Зашто, сé уште, во привидниов мир ја чекаме правдата за која табанавме по улиците, и сé уште сакаме да не огрее вистинското македонско шаренило, наместо сивата замена на една со друга партиска боја…

Закржлавените институции белки нема да останат ветерници на кои ќе јуришаат идеалистите, додека државава забрзано се оддалечува од цивилизираниот дел на Европа…

 

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Див ЗападДИКизбирачки списокизбориМВРфантоми
Share127Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    150 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ