• Latest

Браќа, земјаци и мили комшии – „фантоми“, (при)јавете се, да ми дозволат да гласам!

August 9, 2016
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Браќа, земјаци и мили комшии – „фантоми“, (при)јавете се, да ми дозволат да гласам!

August 9, 2016 13:43
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Отворено писмо до сите мои актуелни и идни домашни „фантоми“ од базите на официјалните податоци на ДИК, МВР, Управата за водење на матични книги, Државниот завод за статистика, УЈП…, и од оние полуофицијалните на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, со апел за помош на паталец… Со единствена желба – тоа генијалците од ДИК, да не ме тормозат повеќе, ама и со голем страв, дека до изборите, станот ќе ми наликува како оние од улицата „Макси Ѓорѓија“ во кои „живееја“ и по педесетина „човечиња“… Macedonia hopeless…

 

sinisa-stankovic-500x333
Пишува: Синиша Станковиќ

Откако во Избирачкиот список кој беше доставен на увид на граѓаните, пронајдов „фантом“ кој живее на мојата адреса, се обратив до Државната изборна комисија за да преземат нели, како надлежен орган, некакви чекори и да го „иселат“ вишок-членот од моето домаќинство, и се (по)надевав дека кармакашата со податоците на граѓаните од разните бази, барем во мојот случај – ќе се среди.

Арно ама, наместо лицето Т. Г. да биде тргнато од Списокот, и јас сосе него, се најдов на Листата на спорни 39.502 гласачи!? По некаков основ, демек, разни имиња им се јавувале на мојата адреса по теренската проверка (која, патем, кај мене дома, не е ни извршена…). Навистина, пцуев и колнев, малку, не многу, ама свесен сум каде живеам и си реков: добро, ај, пак ќе се јавам, ќе реагирам, ќе се жалам…, и можеби нешто и ќе се смени. Иако, добро знам дека некој ме тегне за уши за да ми дозволи да гласам(!?), наместо, ако веќе толку очигледно, не знае како – да праша некого кој знае и да си ја исполни обврската, ме задолжува мене како граѓанин (кој нема никаква вина за недоветноста на државните институции што четврт век живуркаат во лимбо-состојба и во еднопартиско-безодговорно едноумие, сé чекајќи да се врати времето во кое некој од јабаната, како во добрите стари времиња, ќе им објасни/нареди што и како треба да работат), лично да поднесувам документи и да ги докажувам фактите – дека немам „кирајџија“ во топлиот ми дом!

Како ќе се одвиваат работите требаше да ми стане јасно веднаш, откако ингениозните административци од Управата за јавни приходи, некаде од февруари, почнаа да ми испраќаат и сметки за лицето Т. Г. за МРТВ – данокот, па и да ме предупредуваат дека мојот домашен „фантом“ не им платил повеќе од 30 месеци за шансата да го изложува својот ум на невидената индоктринација и заглупување со евентуалното следење на она чудо од програма на јавниот сервис… (Од која адреса „фантомот“ Т. Г. им  плаќал претплата на МРТВ/УЈП последниве 12 години, колку што живеам во својот стан – не знам, ама знам дека годинава, предизборно нели, уште пред ДИК, ете, и МРТВ/УЈП ми го „вселија“ дома, па иако сум добар домаќин и постапувам според народната – „се родило, треба да се ниша“, јавно порачувам дека не сум дотолку широкоград и сигурно нема да плаќам и за „фантомот“!)

12472600_951453908306412_6937717187599821897_n
Од протестите на ГДОМ

Ама, некаде прочитав дека секој сам мора да се бори со своите демони и фантоми. Па, несакајќи да кренам раце од инаку, речиси невозможната мисија да се изборам за своите права во државава, во која и Господ одамна рекол „лека ноќ“, сакал – не сакал,  дојдов во ситуација, за да не ме јаде туѓ срам, барем да се обидувам да ги чистам туѓите кашканици и да ги исправам грешките на молчаливците и безрбетниците. На непрокопсаниците во партиски униформи, кои поради глупоста или  подаништвото, ползејќи и оставајќи лигава трага зад себе, сепак, успеаја да ја турнат Македонија од работ на кој се нишаше цела деценија, директ – надолу во амбисот. И сега, веќе нема – назад. Секој со својот камен врз плеќи, па нагоре, кон местото од кое не клоцнаа неспособните мразители на сите поумни, повешти, поискрени, почесни…. од нив.

И така, најпрвин, се обидував резилот да го маскирам со играње мајтап со идиотизмот на неграмотниците кои слепо извршуваа(т) наредби, но тие успеаја да ги убедат граѓаните дека хаосот е единствена состојба во која Македонија може да опстане и дека деструктивната конфузија ни е природен, од Бога даден амбиент. Ама, работата испадна од играчка – плачка. Бадијала, како лојален граѓанин кој сепак, верува во враќањето на правната држава во Македонија, (нормално, откако арамиите ќе бидат дислоцирани од кабинетите зад решетки, а неспособните партиски солдати, ќе им го отстапат местото на покадарните) сакав да верувам дека – ќе нé биде. Кога – тогаш. Ама, од карикатура, станавме – грда шега. Предмет на подбишега низ светот.

Иако како новинар сум потполно свесен дека Македонија која 26 години опстојува како импровизација од држава, едноставно, сé уште, не е способна самата да организира слободни, фер и демократски избори, сепак, се надевав… Сé додека деновиве, на МОЈАТА адреса не стигнаа сега веќе ТРИ писма од ДИК со истоветна содржина!

За мене, зашто ми констатирале „несовпаѓање и на моите лични податоци“, ама и за „фантомот“ Т. Г., како и за уште еден „фантом“, лицето Т. С., кое за разлика од првиот ми „кирајџија“, барем го познавам и сигурен сум дека постои, зашто, како дел од раселената Македонија, среќно си живее веќе 12 години, во Торонто. Елем, ДИК сега нé кани сите тројца, заедно, демек вкрстени, или секој башка, лично или електронски да се пријавиме, со лични карти или пасоши во рацете или скенирани, па испратени, за ДИК некако да утврди кој сé, покрај мојата сопруга, го споделува со мене животниот ми простор.

Ова веќе не е обичен хаос, ова е циркус! Нé доведоа до целосна бесмисла. Има ли било каква логика да се тужи ДИК, или државата која се пара по шавови…?

Веќе не е смешно! Налудничаво е… Морам да ги повикам и „непознатото пријателче„ Т. Г., ако постои, и познатиот ми Т. С., да се (при)јават во ДИК, да им (до)кажат каде живеат, за да можам да гласам. А, и реално, немам веќе соби за нови „фантоми“… Македонија, безнадежна….

 

П. С.  За да не ме дотуркаат до дереџе да се „вкрстам“ и да се фатам „за рачиња“ со домашните ми „фантоми“, оти блиску ми е Вардар, ќе го узурпирам просторов, да понудам на продажба – стан. Итно! Поради зачувување на здравиот ум! Цена – ситница… Наместен или празен, без мебел, сеедно. Единствено, според ДИК, со двајца „фантоми“. Засега.

Tags: ДИКизбориМВРтеренска проверкаУЈПфантомихаос
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ