• Latest

Сите имаат право, но фали поискрен муабет

August 22, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Сите имаат право, но фали поискрен муабет

August 22, 2018 11:44
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Како паталец, новинар со „пемпеле“, ‘интелектуалац а богами и зналац’, ете да се гукне нешто за актуелната тема на политичкото/партиското рекламирање и јавните кампањи во медиумите. И, од старт, да ви каже Младичот право, сите се во право! Но, во што?

пишува: Петрит Сарачини

На пример, власта има право да бара можности да спроведува кампањи од јавен интерес и да популаризира сервиси, одлуки и политики од кои имаат корист или влијаат на сите граѓани.

Опозицијата има право што бара рамноправен пристап до медиумите.

Регулаторот, Агенцијата за медиуми има право да бара балансирано известување и да пропишува специфични правила за покривање на процеси на гласање.

ДИК, од друга страна, има право да бара почитување на медиумскиот дел од регулативата (Изборниот законик) што се спроведува при секое гласање.

Сопствениците на приватните медиуми имаат право да бараат да им се плати за рекламите, и да имаат еднакви услови и можност за пристап до фондовите за јавни кампањи. Приватните медиуми имаат право и да заземат страна, да изразуваат политички ставови, сѐ додека ги почитуваат професионалните стандарди и законите.

Еснафските организации, секако имаат целосно право да бараат јавните пари да не се злоупотребуваат во политички цели во име на јавниот интерес.

Слична е ситуацијата и со дилемите за регулатива на порталите. Сите имаат помалку или повеќе право и аргументи.

Но, и тука, како и за рекламите, за жал, некои од актерите или заинтересираните страни речиси редовно забораваат на општествената одговорност, одговорноста пред себе, најблиските и идните генерации. Секогаш светот почнува од некого, и, пред сѐ, се гледа личниот или потесен групен интерес. На пример, не знам зошто упорно се форсира тезата дека не постои регулација за порталите. Постои, постои и тоа како, ама досега ретко кој или селективно ја спроведувал, како и во многу други области во земјата.

Некои сакаат со правите решенија да протуркаат и нешто што е погрешно и што би го дисторзирало дополнително нашиот, со години труен и деградиран, медиумски простор и дискурс. Проблемот е во тоа што често се сака да се протурка “успут” со правите работи и нешто друго, ако може некој ќар да се извади…

Некои, едноставно, сакаат и понатаму медиумите да останат слаби, ранливи и натерани да зависат од политичките и економските моќници. Некои, по децениски клиентелизам и финансиски врски и придобивки со секоја власт, едноставно не знаат како поинаку…

Досегашниот резултат е видлив, медиумите се огледало на општеството, негов информатор и едукатор, создавач на образовни и културни навики. А што создаваат и за што придонесуваат? Нашите медиуми, поради создадените околности, пред сѐ, од политиката, придонесоа дебело, но не за прогрес, туку во речиси сите ретроградни процеси во земјата, од политичката сцена и институциите, меѓуетничките односи, преку образованието, до културата, музиката…

Чаре? Има, има и знаење, но фали малку поискрен муабет, повеќе далековидост и чувство на одговорност кај сите. Толку ли е тешко да се види дека токму преку остварување на јавниот интерес се дава можност за реализација и придобивки и на личен и на групен план? Толку ли е тешко да се види дека со ваков егоцентричен пристап сите си ја сечат гранката на која што седат? Каква јавност е таа во која различните актери не се веќе во можност ниту пристојно да седат и разговараат меѓусебно без навреди и плукања, без подметнувања, импутации, лаги и извртувања?

Искрен, аргументиран, фокусиран дијалог. На младичот му се чини дека за оваа генерација претставници на заинтересираните страни во медиумската сфера, тој предизвик е речиси несовладлив. А можно ли е пријатно да се изненадиме и да видиме поконструктивен пристап од оние кои со години ја рушат јавноста и медиумите, а сега врескаат за нивен спас? Можно е и тоа,   сѐ бива, па ова се оптимистички времиња!

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Агенција за медиумиДИКизборен закониккампањаМедиумирегулацијафинансирање
Share37Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result