Утринското кафето не е кафе без колумните на Сашо Орданоски. Започнува нова сезона „Добро утро со Орданоски“. Верните читателки и читатели на ЦИВИЛ МЕДИА, Слободен печат и Плусинфо, ќе го мерат времето и ќе ги гледаат настаните во нивното вистинско светло со колумните на Орданоски, секој ден во 8 часот.
Воедно, за оние што сакаат да ги прочитаат колумните на Орданоски од првата сезона на едно место, деновиве ќе имаат можност да ја купат книгата „Во чекалницата на слободата“ од нашиот омилен автор, на продажните места на „Слободен печат“ низ целата земја.
Д-р Сашо Орданоски е политички аналитичар и експерт за комуникологија и медиуми со меѓународно реноме. Неговите колумни се меѓу најчитаните содржини на медиумската платформа на ЦИВИЛ.