• Latest

Курц: Гласајте „за“ договорот и „за“ европска перспектива на Македонија

September 7, 2018
Училишта и општински згради беа претворени во мачилишта за украинските цивили | Херсон, 2022 година.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Ова е тоа на кое би се предале“: Белешка за руските ѕверства во Херсон, Украина

August 14, 2026

Два јубилеи и една дијагноза

August 14, 2026
Сумска област, Украина, 14 август 2026 (фото извор: Сумска ОВА)

РУСКИ ТЕРОР: Станбена зграда во Краматорск уништена со наведувана бомба, мајка и деветгодишен син убиени во Сумската област

August 14, 2026
Петрит Сарачини, претседател на Институт за медиуми и аналитика (ИМА), Скопје, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Сарачини: Влијанието што го има во Македонија, Србија го користи како чип во играта со Западот

August 14, 2026

Водата се прочистува, но довербата останува загадена: Гостивар по најголемата здравствена криза

August 14, 2026

Путин, криптото и следната будала

August 14, 2026

Мехмети: Охридскиот договор не е привилегија, туку основа за внатрешна стабилност

August 14, 2026
Водителки креирани со вештачка интелигенција - ТВ Хепи

Вештачка интелигенција прилагодена за ТВ „Хепи“ и „Информер“

August 14, 2026
Отец Сергиј Бережној, манастирски комплекс „Св. Михаил“ во Кијив, 23 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Бидете добар Самарјанин за нас: Во што се состои пораката на отец Бережној од Православната црква на Украина до Македонската православна црква

August 14, 2026

ПР-от не може вечно да ја прикрива реалноста

August 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Курц: Гласајте „за“ договорот и „за“ европска перспектива на Македонија

September 7, 2018 11:56
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Решавањето на прашањето за името е голема шанса за динамика на Македонија и на целиот регион. Го поздравувам постигнатиот компромис и ги повикувам граѓаните да учествуваат на претстојниот референдум и да гласаат „за“ договорот и „за“ европската перспектива на Македонија, истакна австрискиот канцелар Себастијан Курц на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Зоран Заев.

– Тоа е одлука на секој поединец и навистина не е мое да ја направам одлуката за некој друг, но како пријател на Македонија и како активна земја членка на ЕУ ние ќе сметаме дека би било многу позитивно доколку има големо учество и позитивен исход на референдумот, изјави Курц, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.

Заев и Курц

На новинарско прашање каква е неговата порака до опозициската ВМРО-ДПМНЕ со која се сестрински партии во ЕПП, Курц рече дека е сосема иста како онаа што ја испратил до премиерот и до граѓаните – важно е Македонија и балканските држави да имаат европска перспектива и да ја искористат, а дел од тоа е и решавањето на прашањето за името.

Австрија, потенцира австрискиот канцелар, е голем пријател на целиот регион и на Македонија.

– Не само што имаме економска соработка, туку и силно човечко пријателство и заедничка историја, туку би сакале и да имаме и заедничка иднина. Тоа значи дека ние го делиме мислењето дека сите држави од Западен Балкан имаат место во Европската Унија. Таа ќе биде комплетна дури тогаш кога во неа ќе биде интегриран Западниот Балкан, рече Курц.

Заев и Курц

Премиерот Заев истакна дека посетата на неговиот австриски колега е силна порака и поттик за Македонија во пресрет на референдумот на кој, како што рече, граѓаните ќе ја изберат иднината, ќе го дадат својот глас за одобрување на договорот со Грција со кој се гарантира местото на Македонија во ЕУ.

– Вашата поддршка да станеме дел од семејствата кои ни ја гарантираат нашата стабилност и сигурна иднина се од непроценлива важност за нас. На таа поддршка гледаме и како признание на нашата посветена работа. Остануваме посветени и подготвени да останеме позитивен пример во регионот и во светот, кои знам дека го ценат тоа. Огромен поттик за нас е што светот ја препозна РМ како нова голема надеж за регионот и Европа, истакна македонскиот премиер.

Тој не верува дека може да се случи договорот да не помине во Грција, и оти и таму како и овде работата ќе биде завршена.

– Јас верувам дека секоја од нас двете земји пријатели ќе ја заврши својата работа, иако кај нас граѓаните го помагаат процесот на завршување на работата преку успешен референдум, на што целосно се надеваме и сме целосно уверени. Истовремено, им верувам на премиерот Алексис Ципрас и на министерот за надворешни работи Никос Коѕијас дека навистина грчкиот парламент по процесот во Македонија ќе гласа, рече Заев.

Тој додаде дека оптимизмот го темели и на неговото убедување оти огромно мнозинство од граѓаните во Грција веруваат дека ова е добра работа за Грција, за регионот и целата Европска Унија. (МИА)

Tags: АвстријаВлада на Република МакедонијаДоговор со ГрцијаЕвропска УнијаЗоран ЗаевНАТОпрес конференцијареферендумСебастијан Курц
Share20TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ