• Latest

Дерала: Mрзата и ароганцијата на институциите го кршат правото на глас

September 12, 2018

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Демократијата не молчи ниту под сирените

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дерала: Mрзата и ароганцијата на институциите го кршат правото на глас

September 12, 2018 12:53
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, РЕФЕРЕНДУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Дерала, ЦИВИЛ: Ние веќе десет години сме во секторот кој се занимава со мониторинг на изборните процеси и секогаш сме се обидувале да имаме комплементарни активности на сите останати институции и организации за да нема преклопувања или судири. Таму каде што сме учествувале, сме учествувале од позиција на организација за човекови права и слободи. Наша главна задача е да го заштитиме правото на глас.

За жал, правото на глас е повредено со лошиот квалитет на работата на Државната изборна комисија во изминатите години. Да се надеваме дека новиот состав на Државната изборна комисија, во дадените околности кои воопшто не им одат во прилог ќе успеат барем приближно да ги постигнат стандардите коишто се пропишани и со меѓународни закони, но и со Уставот и законите во Македонија.

Сметам дека нема многу простор за поправки на она што беше последица од политизација, жестока политизација. Меѓутоа нема време ниту за поправки на последиците од мрзата, ароганцијата и индолентноста на дел од институциите и дел од државата. Сметам дека Државната изборна комисија како највисоко тело кое се занимава со изборните процеси нема многу услови да ја спроведе својата функција и поради тоа што нема доволно добра координација меѓу институциите. Во ДИК се пожалија дека немаат добра соработка со Министерството за внатрешни работи. Додека во Министерството за внатрешни работи, пак, имаме една друга ситуација во која тамошните инстанци се жалат на други недостатоци во други институции, или во делови од институции.

Тоа префрлање на одговорноста меѓу институциите најдиректно го чувствуваат граѓанките и граѓаните. Па затоа имате и враќање на фантомите, на десетици илјади фантоми, имате нервози во кои луѓето прво се охрабрени да помогнат во некој процес, а потоа откако ќе се осмелат да се јават некаде за да побараат решение на некој проблем кој се однесува на Избирачкиот список, на пример, тие се соочуваат со лавиринтот на една тромава, една прилично заостаната старомодна администрација која не знае или не сака да знае како да ги реши проблемите на граѓанките и граѓаните.

Ние се разбира дека ќе бидеме тука да се обидеме да им помогнеме и на Државната изборна комисија и на Општинските изборни комисии, за кои сметам дека се недоволно обучени. Дел од нив се уште страдаат од сериозна политизација. Ќе се обидеме да помогнеме и со сугестии, но и со препораки и критики за тоа како се спроведува целиот процес. ЦИВИЛ е тука да им помогне на институциите и се надеваме дека ќе наидеме на добар одѕив кај нив. Дека ќе разберат дека нашата функција не е да ги нападнеме затоа што не ги сакаме или ги мразиме. Ние немаме никакви емоции во поглед на институциите. Се разбира, освен кога сме навистина револтирани, како луѓе и како човечки битија. Нашата функција како невладина организација е да набљудуваме, да укажеме и се разбира да побараме во име на граѓанките и граѓаните тие да бидат центарот на процесите, а не институциите или функционерите. Затоа што институциите се хранат од парите на граѓанките и граѓаните и тоа мораат да го помнат и да го имаат на ум секоја минута од своето работно време. Бидејќи граѓанките и граѓаните се тука за да ги искористат своите права и слободи, а институциите се тие коишто треба да им го овозможат тоа.

Обработка на текст: Маја Ивановска
Камера и фотографија: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети


Видео-став на ЦИВИЛ е содржина што се објавува секојдневно и се однесува на актуелните општествени состојби.

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

[divide]

Овој прилог е дел од граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“, финансирана од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“.

 

 

 

Tags: ароганцијаДИКизбирачки списокМВРповредаправо на гласреферендум
Share25TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ