• Latest

Со заедничка идеја за македонската иднина во ЕУ и во НАТО

September 17, 2018
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026

Парите и постизборна Србија: Сомнежи за трансфери кон Скопје и Москва, Алта банка под лупа

October 29, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Со заедничка идеја за македонската иднина во ЕУ и во НАТО

September 17, 2018 09:46
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Местото на Македонија е да биде интегрирна во европскиот свет. Недела, 30 септември, е ден за гласање, секој глас е важен, секој да се охрабри, бидејќи од нас зависи. Само со индивидуален граѓански ангажман и со заедничка идеја за македонската иднина во ЕУ и во НАТО може да успееме, порачаа поддржувачите на референдумот на маршот за европска Македонија во Скопје.

– Сонуваме сите 27 години и денеска конечно сме исправени да го оствариме нашиот сон, да обезбедиме европска иднина за нашите деца и генерациите по нас. НАТО и ЕУ нѐ поврзуваат сите, затоа оваа аспирација конечно имаме шанса да ја зграпчиме и да бидеме горди оти сме успеале, истакна премиерот Зоран Заев на граѓанскиот собир пред седиштето на Делегацијата на ЕУ, во организација на КоалицијатаЗаедно за европска Македонија.

Илјадниците граѓани, рече Заев, излегле да испратат сериозна порака во вистинско време, порака дека сакаме иднина, дека сакаме европска Македонија!

– Ова е одговорност на нашата генерација. Од нас зависи иднината на нашата Македонија, на нашите деца. Никој друг за нас не може да ја донесе оваа одлука. Јас знам дека нашиот мултиетнички народ е исправен сериозно пред крупна одлука и ќе се носи со сериозноста на одлуката. Ќе обезбедиме иднина за нашите деца. Ќе обезбедиме иднина за Македонија, порача Заев.

Тој посочи дека патриотизам е да си ја зачуваме иднината на нашата татковина, НАТО и ЕУ се единствениот пат и нема алтернатива.

– Поучени од овие 27 години донесовме одлука храбро. Пред сѐ и пред нашите политички партии ја ставивме Македонија. Склучивме договор и стекнавме пријател. Сите мора да знаеме дека договорот е фер и праведен. И двете страни подеднакво добиваат. Ве уверуваме дека со договорот двете страни добија и овој договор обезбедува перспектива, пријателство, развој и европска иднина, порача Заев.

Не само што успеавме да ги заштитиме нашиот идентитет и јазик, туку, нагласи Заев, успеваме и да го потврдиме и да го зајакнеме.

Премиерот ги повика сите неопределени и им порача дека не постои резервна варијанта и оти само преку референдум и одлука на граѓаните ќе имаме европска иднина.

– Дома не се седи, не се бараат изговори, затоа што се работи за иднината. Ова е обврска и право на секој граѓанин. Наша одговорност пред нашата татковина. Ова е наша и граѓанска и родителска одговорност за иднината на нашата европска Македонија, истакна Заев.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ги повика сите на 30 септември да им подарат на генерациите по нас достоинствена татковина, татковина што нема проблем ниту со историјата ниту со географијата, татковина што е заедничка и рамноправна за сите.

– Мојот избор одамна е гласам ЗА европска Македонија, за држава во која ќе можеме европски да живееме, а не да тежнееме да одиме во Европа, рече Џафери.

Длабоко сум убеден, нагласи Џафери, дека ние ќе бидеме уште посреќни по 30 септември, а часовникот на историјата ќе тропне и на совеста на оние што без некоја рационална причина се двоумат да кажат Да за евроинтеграциските процеси на земјата.

На собирот во Скопје новинарот Томислав Кежаровски кажа дека е време да се свртиме кон иднината, оти Македонија треба и мора да иде напред.

– На 30 септември јас ќе заокружам за, за промена кон подобро. Јас ќе заокружам за, за држава каква што заслужуваме, порача Кежаровски.

Професорот по меѓународни односи на Универзитет Џорџтаун, Чарлс Купчан, смета дека референдумот претставува историска пресвртница за Македонија.

– Успешен резултат значи отворен пат за членството на Македонија во НАТО и забрзување на евроатлантската интеграција на земјата. Успешен резултат претставува голем исчекор напред не само за Македонија туку и за поширокиот регион. Македонија ја чека уште многу домашна работа како унапредување на демократските институции, подобрување на економијата, искоренување на корупцијата и консолидација на навиките да управува со плурализамот, вели Купчан за МИА.

Убеден сум дека на крајот,  како што додава тој, дека целиот регион ќе биде интегриран во НАТО и во ЕУ.

– Македонците не можат да си дозволат да ја испуштат оваа шанса, вели Купчан. (МИА)

 

Tags: За европска МакедонијаЗаевКежаровскиреферендумТалат ЏафериЧарлс Купчан
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ