Кривичниот суд го замрзна имотот на осомничените во случајот „Империја“ меѓу кои се бизнисменот Орце Камчев и ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков.
Воедно судија на претходна постапка, постапувајќи и по два предлога на надлежното обвинителство за привремено запирање на извршување на финансиски трансакции на правните лица за кои постои основано сомнение дека со кривичните дела, лицата опфатени во конкретниот предмет, прибавиле имотна корист, судијата ги прифати предлозите и со решенија наложи на повеќе банки да го запрат одливот на парични средства од сметките на предметните правни лица“, стои во соопштението на Кривичниот суд.
Денешното рочиште за „Титаник“ е одложено за во среда, кога судскиот доставувач ќе може да го најде Груевски во судот, но, Судот не мора да чека да се појави на судење, па оттаму велат дека утре повторно ќе се обидат да го пронајдат Груевски. Доколку судот утврди дека Груевски избегнува да го прими решението, ќе мора да се побара присилно приведување или да се распише потерница.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за „Курир“, вели дека Никола Груевски е невин и дека против него се води хајка.
„Политички монтиран е случајот затоа што човекот е невин, и одговара за случај каде нема финансиска штета, а доброто, автомобилот го користи Владата. Па нели велеа ќе го продале, ќе ги искористеле парите, арно ама гледам некако им користи. И јас не можам да одобрам политичка хајка испорачана од заробеното „Кацарска судство“.
И покрај препораките од Извештајот на Прибе и покрај ветувањето на Владата дека овој состав е само привремен, сепак, парламентарните партии едногласно одлучија да го продолжат мандатот на сегашните членови на Државната изборна комисија за две години.
На денешната собраниска седница едногласната одлука на пратениците е последица на немањето заеднички јазик меѓу власта и опозицијата. Во пресрет на претседателските избори 2019 година се поставува прашањето колку оваа одлука е исправна.
ЦИВИЛ како организација што ги следи изборните процеси во земјата од 2008 година, не еднаш во своите извештаи, препораки и наоди упати на нефункционалноста на сегашната ДИК, која упорно ги повторуваше истите грешки како и претходниот состав. Проблемот не е само во Избирачкиот список. ЦИВИЛ во повеќе наврати упати забелешки и до стручноста на изборната администрација и во заштитата на гласачкото право. Само за илустрација, од вкупно 59 приговори усвоени се само два, а останатите се отфрлени или одбиени.
А. Петровска