• Latest

Груевски исчезна, замрзнати фирмите на Камчев

November 12, 2018
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Груевски исчезна, замрзнати фирмите на Камчев

November 12, 2018 16:29
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кривичниот суд го замрзна имотот на осомничените во случајот „Империја“ меѓу кои се бизнисменот Орце Камчев и ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков.

Воедно судија на претходна постапка, постапувајќи и по два предлога на надлежното обвинителство за привремено запирање на извршување на финансиски трансакции на правните лица за кои постои основано сомнение дека со кривичните дела, лицата опфатени во конкретниот предмет, прибавиле имотна корист, судијата ги прифати предлозите и со решенија наложи на повеќе банки да го запрат одливот на парични средства од сметките на предметните правни лица“, стои во соопштението на Кривичниот суд.

Денешното рочиште за „Титаник“ е одложено за во среда, кога судскиот доставувач ќе може да го најде Груевски во судот, но, Судот не мора да чека да се појави на судење, па оттаму велат дека утре повторно ќе се обидат да го пронајдат Груевски. Доколку судот утврди дека Груевски избегнува да го прими решението, ќе мора да се побара присилно приведување или да се распише потерница.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за „Курир“, вели дека Никола Груевски е невин и дека против него се води хајка.

„Политички монтиран е случајот затоа што човекот е невин, и одговара за случај каде нема финансиска штета, а доброто, автомобилот го користи Владата. Па нели велеа ќе го продале, ќе ги искористеле парите, арно ама гледам некако им користи. И јас не можам да одобрам политичка хајка испорачана од заробеното „Кацарска судство“.

И покрај препораките од Извештајот на Прибе и покрај ветувањето на Владата дека овој состав е само привремен, сепак, парламентарните партии едногласно одлучија да го продолжат мандатот на сегашните членови на Државната изборна комисија за две години.

На денешната собраниска седница едногласната одлука на пратениците е последица на немањето заеднички јазик меѓу власта и опозицијата. Во пресрет на претседателските избори 2019 година се поставува прашањето колку оваа одлука е исправна.

ЦИВИЛ како организација што ги следи изборните процеси во земјата од 2008 година, не еднаш во своите извештаи, препораки и наоди упати на нефункционалноста на сегашната ДИК, која упорно ги повторуваше истите грешки како и претходниот состав. Проблемот не е само во Избирачкиот список. ЦИВИЛ во повеќе наврати упати забелешки и до стручноста на изборната администрација и во заштитата на гласачкото право. Само за илустрација, од вкупно 59 приговори усвоени се само два, а останатите се отфрлени или одбиени.

А. Петровска 

Tags: „Империја“Влада на Република МакедонијаДИКизбирачки списокимотКривичен СудНикола ГруевскиОрце КамчеврочиштеСашо Мијалковсобраниска седницаЦивил
Share46TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ