• Latest

Груевски доби политички азил во Унгарија

November 20, 2018

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Груевски доби политички азил во Унгарија

November 20, 2018 16:24
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Денес Република Унгарија, земја членка на ЕУ и НАТО, одговори позитивно на моето претходно поднесено барање за добивање политички азил заради политички прогон во Република Македонија. Во барањето за политички азил наведов дека истиот го барам заради политички прогон од новата влада предводен од партијата СДСМ. Наведов дека владата сака да ми ја одземе слободата користејки недемократски чекори и методи и злоупотребувајки го обвинителскиот и судскиот систем во Македонија“, вака почнува долгиот Фејсбук статус на Никола Груевски.

Она што унгарските медиуми го објавија како ексклузива, Груевски го потврди и тоа истовремено сосоопштението на Министерството за правда дека поднеле барање за екстрадиција.

„Во Македонија се соочив со судии кои за секое мое или на мојата одбрна барање, чекаат инструкции како да одлучат од владата или од специјалниот јавен обвинител, од кого и самите судии се плашат, и кого го гледаат како преставник на актуелната влада“, напиша Груевски.

Министерството за правда на Македонија денеска го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски до Министерството за правда на Република Унгарија.

Барањето за екстридиција се однесува за извршување на правосилна пресуда изречена во траење од две години и за водење на четири кривични постапки кои се пред домашните судови, а укажуваме дека за него се водат и четири истраги како и една предистражна постапка за коишто надлежните органи можат да започнат и судски постапки во зависност од истрагата.

Во барањето е образложено дека ниедно од делата за кои Никола Груевски е правосилно осуден или се водат постапки против него не е политичко или воено кривично дело, односно, овие дела не се предвидени во Европската конвенција за екстрадиција како дела за кои може да биде одбиена екстрадиција.

Унгарските медиуми денеска информираа дека Канцеларијата за имиграција и азил во Унгарија веќе има донесено одлука за барањето за азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски.

Но, дали барањето е прифатено не беше познато. Дел пак од македонските медиуми, блиски до ВМРО ДПМНЕ веќе излегоа со информација дека барањето е прифатено.

Договор со Грција 

Политичкиот барометар за месец ноември на грчката рејтинг агенција „Public issue“ за теми поврзани со надворешната политика дала негативни резултати за Преспанскиот договор и за Зоран Заев и Никос Коѕијас, јавува МИА.

На анкетното прашање каково мислење имаат Грците за Договорот меѓу Грција и Македонија за спорот за името, дали се за или против, 65% одговориле дека се против од кои 57% сигурно против, 8% веројатно против,  17% се за (9% сигурно за, 8% веројатно за),  13% ниту за/ниту против и 5% се без мислење.

Во однос на тоа за кого гласале на изборите во септември 2015, од гласачите на СИРИЗА 45% се против, а 31% за Договорот од Преспа, додека пак од испитаниците кои гласале за Нова демократија, 86% се против договорот, а само 6% за.

Што се однесува до Зоран Заев, 5 од 10 Грци имаат негативно мислење за македонскиот премиер.

Повеќе од половина од испитаниците, 53%, одговориле дека имаат негативно мислење за Заев, 28% позитивно, а 19% биле без мислење.

ЦИВИЛ активности 

ЦИВИЛ ФЕСТ е урнебесен, високоволтажен мултимедијален 48-часовен настан во чест на граѓанското новинарство и активизмот што се одржува на 10 и 11 декември, по повод Меѓународниот ден на човековите права и 70-годишнината од донесувањето на Универзалната декларација за човековите права.

Концертни и диџејски настапи, мултимедијална изложба, поетски перформанси, видео проекции, презентации, церемонија за доделување на награди за граѓанско новинарство и многу дружење и забава се дел од програмата на ЦИВИЛ Фест, во организација на ЦИВИЛ, а со поддршка на National Endowment for Democracy.

По повод одбележувањето на Универзалниот ден на детето, ЦИВИЛ уште еднаш алармира за тешката состојба на правата на детето во Македонија и бара од институциите во земјата сериозно да се зафатат со итни мерки за подобрување на состојбите. Голем број деца немаат пристап до квалитетно образование, здравство и услови за живот. 

Потсетуваме дека секое дете, без никаков исклучок, има право на достоинствен живот и да ги ужива сите права наведени во Декларацијата за правата на децата што е донесена токму на денешен ден. Децата мора да ја уживаат посебната заштита обезбедена преку закони и други средства.

ЦИВИЛ порачува: СТОП за политичката и верската злоупотреба и индоктринација на децата! Не смееме да дозволиме развојот на децата да биде контаминиран со дневно-политички, партиски или верски антагонизам или мобилизација.

А. Петровска

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: азилДоговор со ГрцијаЗоран ЗаевМинистерство за правдаНикола ГруевскисоопштениеУнгаријафестивалЦивил
Share57Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ