• Latest

Неизвесност до крај – промена на Уставот и на името или на македонскиот идентитет

December 21, 2018

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Неизвесност до крај – промена на Уставот и на името или на македонскиот идентитет

December 21, 2018 16:50
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вчерашната седница на Комисијата за уставни прашања помина со усвојување на три од седумте поднесени амандмани за Предлог –законот за уставни промени. 

Пратениците имаат можност до крајот на годината да поднесуваат амандмани за уставни промени за пленарната седница на 9 јануари.

Едниот од прифатените амандмани се однесуваат на внесување на  Косово во Уставот, како сосед на Македонија, заедно со Република Албанија, Република Бугарија, Република Грција, Република Србија и Република Косово, со што се прифаќа реалноста за постоење на новиот сосед Република Косово.

Исто така, се прифати и амандманот со кој во член 2 став 2 од Уставниот закон точката на крајот се заменува со запирка и се додаваат зборовите што не ја определува ниту ја предодредува етничката припадност на граѓаните. Со тоа, како што беше речено, се става јасна дистинкција меѓу државјанството и етничката припадност на граѓаните на Република Македонија.

Третиот амандман  и на уставните амандмани членовите од 33 до 36, дека не произведуваат правно дејство, не влегуваат во сила и се неважечки доколку не се исполни обврската на Грција да го прифати Договорот од Преспа, како и да го ратификува протоколот за членство на Македонија во НАТО.

Полемика се водеше околу предлогот во графата државјанство да пишува граѓани на Република Северна Македонија, наместо како што е предвидено во Уставниот закон – македонско/граѓани на Република Северна Македонија. Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, изјави дека откако ќе влезат уставните измени во сила во членот 4 ќе пишува граѓанин на Република Северна Македонија.

И покрај очекувањата на премиерот Зоран Заев дека сите пратеници ќе дадат поддршка за уставните промени и целиот процес ќе заврши на средината од јануари 2019 година, опозициската ВМРО –ДПМНЕ не учествува во постапката за уставните измени. Наместо тоа, тие протестираат пред Влада со фокус на промена на името, но и сè останато што во моментот е актуелно, во негативен контекст, доволно за да ја препишат заслугата на СДСМ.

Но, самиот процес воопшто не беше лесен и дефинитивно може да се протолкува како тензичен.

Почетокот беше ентузијастички. Владата на почетокот на годината ги започна преговорите со Грција, со силна поддршка на ЕУ. Со оглед дека уште не беше сосема јасно како ќе се одвива самиот процес, како ќе се менува името, кои ќе бидат бенефициите, беа потребни дебати во јавноста со цел да се објасни и образложи подетално и аргументирано историското значење на решавање на триесетгодишниот спор со Грција. Постигнувањето на компромисно решение се потенцираше како предуслов за влез во ЕУ и НАТО.

Опозициската ВМРО –ДПМНЕ го искористи тој период за протести против промената на Уставот и името, но и против Законот за јазиците, како и започнатите судски процеси од насилството во Собранието на 27 април 2017.

Протестите продолжија и сè уште траат, со излегување на улица и на други засегнати страни, како што се преродбрениците, бојкотирачите и блокирачите.

Денот на потпишување на Договорот со Грција во Преспа, резултираше со повредени седум полицајци и тројца цивили, демонстранти што фрлаа пиротехнички материјал, факли, петарди, камења и шишиња, и полиција што  возврати со солзавец на протестите во Скопје.

И во Грција се протестираше подеднакво во повеќе градови, вклучително и Солун. Владејачките партнери од двете земји се соочија со предизвикот мирно да ја решат опозицијата укажувајќи на придобивките од Договорот и аргументирајќи ги најчестите забелешки, зошто Северна, од македонска страна, и зошто останува Македонија, од грчка страна.

Владата го стави на увид Договорот, а Собранието распиша консултативен референдум. Од оние што безусловно и јавно го поддржаа Договорот излезе забелешката дека останатите, кои цврсто го бранеа името, не знаат што бранат. Владата имаше своја промотивна кампања за Референдумот, но имаше и ЕУ. Официјална кампања немаше ВМРО –ДПМНЕ и коалиционите партнери, но затоа имаше Јанко Бачев и неговата партија преку нешто што се нарече „Бојкотирам“.

Референдумот помина со протести, црни кампањи, нереформирана Државна изборна комисија, со ред веќе вкоренети изборни нерегуларности. Сепак беше прогласен за демократски и што се однесува до делот кој го поддржуваше Договорот, успешен Излезноста не беше доволна, но затоа гласовите беа двојно повеќе од оние против. И додека СДСМ, Владата, па и ЕУ славеа, ВМРО – ДПМНЕ очајнички се обидуваше да докаже дека референдумот е неважечки, излезноста покажува за незаконитоста на  Владата, ако продолжи со процесот…

Петокот на 19 октомври, по долги перипетии кончено се собраа 80 гласа за устави промени, обврска што произлезе од Преспанскиот договор.

Од тогаш па наваму, освен седумте амандмани предложени од Владата, се усвоија и вчерашните три предложени од независната пратеничка група на ВМРО –ДПМНЕ, од Алијансата за Албанците и од пратеникот Мухамед Зеќири од СДСМ.

Во целиот процес се вклучија експерти, политички аналитичари, правници, но и граѓанското општество. И додека повремено се добиваше впечаток дека политичките субјекти на дневна основа се напаѓаат и се бранат едни од други, интересот на граѓанските здруженија беше насочен кон самите граѓанки и граѓани.

Ако ги исклучиме оние од типот на „Бојкотирам“, „Преродба“, како и дијаспората што гласно го бранеше националниот идентитет кој, нели зависи во најголема мера од името на државата, останатите се потрудија објективно да ги пренесат информациите до јавноста.

ЦИВИЛ се вклучи во мониторирање на референдумскиот процес и промовирање на правото на глас и зошто е клучна улогата на граѓанинот во ваков историски процес. Преку медиумската платформа ЦИВИЛ Медиа во континуитет ја информираше јавноста за текот на целиот процес, поттикнувајќи различни прашања, дискусии, мислења и ставови.

Според прелиминарниот извештај на ЦИВИЛ за референдумскиот процес, Избирачкиот список ќе ги покаже слабостите на сметка на гласачкото право. Стотици граѓанки и граѓани пријавија или беа нотирани од набљудувачите на ЦИВИЛ дека не можеле да се најдат на Избирачкиот список. Набљудувачите пријавија и два извештаи според кои во Избирачкиот список фигурираат починати лица. Исто така,  висока бројка од набљудувачи  дејствувале спротивно на Кодексот за набљудување и на Изборниот законик. Дел од набљудувачите на одредени организации акредитирани за набљудување на референдумот правеа сѐ освен набљудување. Тие ги евидентирале гласачите и вршеле агитација.

Илустративно, говорот на Џабир Дерала, ЦИВИЛ, на првата јавна расправа за уставните промени, ја отслика клучната улога на граѓанките и граѓаните како двигатели на општеството.

„Сметам дека треба многу да се внимава во уредувањето на Уставот да не се остави простор за непосредно, па можеби дури и посредно делење на луѓето по етничка основа… Кога веќе е отворен Уставот и кога веќе Македонија на големо го промовира концептот на едно општество за сите, да не биде едно општество за сите етнички заедници, туку да биде едно општество за сите граѓанки и граѓани“, изјави Дерала.

Емотивно, отколку објективно, проблемот со името  го отвори прашањето за идентитетот. Токму поради разграничување на овие прашања што беа и сè уште се извор на сериозни политички поделби и тензии во контекст на Преспански договор, ЦИВИЛ го спроведе проектот „Губење на идентитетот или… ?“ започнувајќи дијалог и полемика во јавноста. За таа цел беа вклучени познати политичари, академици, претставници на граѓанското општество и на медиумите. На промоцијата на публикацијата што произлезе како резултат на проектот, ЦИВИЛ нагласи дека ова е само еден сегмент од заложбите на организацијата да помогне во процесот актуелизирајќи го Договорот во јавноста и загатнувајќи ги спорните прашања што произлегуваат од севкупниот политички и општествен процес.

МЦМС, од друга страна, спроведе неколку анкетни истражувања во текот на годината на тема промена на името и Уставот на Македонија. Во истражувањето „Спорот со името 2018“ спроведено во мај, 45,1 %  од граѓаните верувале дека со промена на уставното име ќе се промени идентитетот, 17,8% сметале дека во ниедна ситуација нема да се промени македонскиот идентитет. Против каква било промена на Уставот биле  48,3% граѓани, без разлика дали се тоа одредби за името или за други прашања. Промена на Уставот за дефинирање на меѓународно име била прифатлива за 18,3% од граѓаните.

Со почетокот на рефередумската кампања, според истражувањето на МЦМС вкупно 57,8% од испитаниците рекле дека ќе излезат на претстојниот Референдум за решавање на спорот со името, од нив, 70,8% рекле дека ќе гласаат „за“. Процентот на оние што нема да излезат на гласање бил 28,8% и меѓу нив, најбројни се оние што рекле дека ќе го бојкотираат (59,2%), а 27% рекле дека не ги интересира.

Според официјалните резултати од ДИК за референдумот од 1.806.336 запишани гласачи во Избирачкиот список гласаа 666.344, од кои 609.427 гласаа „за“, 37.687 гласаа „против“, а 19.221 гласачко ливче беа прогласени за неважечки.

Третата фаза за уставни промени е веќе во тек во Собранието. Очекувањата се дека до последен момент ќе има превирања меѓу пратениците и дека, покрај оптимизмот на Заев, ВМРО-ДПМНЕ и нивните помали политички сојузници ќе останат или пред Влада или пред Собрание да ја „бранат“ уставноста на државата од власта под капата на СДСМ и премиерот.

Биљана Јордановска

Фотографија: Маја Ивановска

 

 

Tags: амандманивладаимеСобраниеуставни променихронологијаЦивил
Share3TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ