• Latest

Џафери: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се решиле да заминат од партијата?

July 7, 2017

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се решиле да заминат од партијата?

July 7, 2017 16:27
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Парламентариот спикер Талат Џафери е дециден дека формирањето на 10 пратенички групи од ВМРО-ДПМНЕ не е пречка, согласно со Деловникот на Собранието. Но, како што вели, правно-политичкото дејствување на овие групи ќе биде дискутабилно. Тој не сака да прејудицира какви било оценки во моментов, но вели дека ќе го следи нивното практицирање на парламентарна демократија во законодавниот дом.

„Од формален аспект, согласно со Деловникот, пет пратеници од иста или различна партија формираат пратеничка група. Во конкретниот случај, тие изразија волја и се екипираа по пет пратеници. Но, таквиот начин на искажана волја, ги отвора проблемите внатре во ВМРО-ДПМНЕ. Јас тоа нема да го коментирам, дали сите пратеници се во ВМРО-ДПМНЕ, или се решиле ова да им биде отворен пат за заминување, ДПМНЕ да го заменат со НП или со не знам кое друго ВМРО?!? Зашто, коалицијата е предводена од ДПМНЕ, а во државата се регистрирани повеќе партии под името ВМРО. Е, сега, како ќе го разберат тоа гласачите на ВМРО-ДПМНЕ, дали им се распаднала пратеничката група, или што се случило? Сепак, тоа е политичкиот дел од прашањето, што им го оставам на гласачите“, изјави спикерот Џафери за ЦИВИЛ Медиа.

Тој потсетува дека формирањето на повеќе пратенички групи од една коалиција не е новина во парламентарната практика.

„Во периодот од 2011 до 2014, во коалицијата што ја предводеше СДСМ, беа и НСДП и ПЕИ. Тогаш беа формирани три пратенички групи со тројца координатори. Но, сега разликата е што сите пратенички групи ја имаат премисата ДПМНЕ: Прва пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, втора пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ… Спорот од правен аспект е додавката ‘ДПМНЕ’ на сите. Службите на Собранието ќе работат натаму, дали тоа ќе може и како ќе може да функционира“, посочува Џафери.

Според него, нема потреба да се отвори собраниска дебата на оваа тема.

„Очекувам да се однесуваат нормално. Ако се однесуваат поинаку, тогаш тоа е работа, за мое размислување“, порачува Џафери.

Моника Талеска

Tags: ВМРО-ДПМНЕпарламентарна демократијараспаѓањеСобраниеспикерТалат Џафери
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ