• Latest
Photo by Elvis Bekmanis on Unsplash

Алал вера драги „новинарски пера“

February 15, 2024
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
Михаил Звинчук

Црна Гора: Приведен Звинчук, шефот на руската пропагандна мрежа „Рибар“

October 9, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Протести во Франција: Образовната криза ги продлабочува судирите меѓу средношколците и власта

October 9, 2026

Банките доминираат на Берзата, каде е остатокот од економијата?

October 9, 2026
фото: ВИ

Државата повторно се задолжи за 150 милиони евра – сметката ќе ја плаќаат граѓаните

October 9, 2026
Ен Карсон (фото извор: Википедија)

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026
Доналд Трамп, 5 октомври 2026, Небраска

(ВИДЕО) Остри реакции на „поканата“ на Трамп до Иран: „Нека го уништат Лос Анџелес, нека го уништат Сан Диего“

October 8, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Два дена, 52 загинати, убиени и пет деца – руски терор во Украина: Прилуки и Краматорск

October 8, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Буџетот не е чекмеџе од кое само се вади, мора и да се става во него

October 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Алал вера драги „новинарски пера“

February 15, 2024 12:12
in АНАЛИЗИ, ДИСКУРС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Photo by Elvis Bekmanis on Unsplash

Photo by Elvis Bekmanis on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter
  • Зошто дел од медиумите и новинарите пред етичките правила ги стават етничките интереси? Дел од луѓето во медиумите пред да се новинари, се повеќе Македонци или Албанци?
  • Дали етноцентризмот и говорот на омразата во медиумското известување низ годините беше присутен само во комерцијалните медиуми или и во „јавниот сервис“?
  • Дали уставните промени ги поделија уште еднаш медиумите по етничка линија?

СЕФЕР ТАХИРИ

Eдна „новинарка“ на Хрватската телевизија во текот на конфликтот во поранешна Југославија „гордо“ изјавила пред камерата:

– Јас сум спремна да лажам за својата татковина!

Ова емоционална изјава на „новинарка“ која ја прочитав во книгата „Злочин во 19:30“ на колегата Кемал Курспахиќ од Босна и Херцеговина и која, кога пишувам за вакви теми, често ја користам, најдобро ни го илустрира известувачкиот „професионален“ пристап на медиумите и новинарите во екс-ју просторите во децениите по падот на комунизмот. Новинарите не лажат, туку треба да известуваат според професионалните стандарди и етички норми пропишани со кодекс. Прв и основен е точноста и вистинитоста.

Многу анализи и истражувања логички извлекле заклучок дека медиумскиот систем е етнизиран или поделен по етнички линии, како и политичкиот систем! Голем дел од медиумите, на македонски и на албански јазик, според нивниот наратив и пристап кон настаните и појавите, во прв план ги ставаат етничките интереси пред етичките правила. И заради тоа, често дезинформираат или пак кријат битни факти од публиката. Чест на исклучоците!

Како пред конфликтот, но особено во текот на 2001 и после неговото завршување со Охридскиот договор, не е мал бројот на репортери и уредници (и главни се разбира), кои известуваа, коментираа и креираа уредувачка политика во информативните содржини исклучиво како Македонци и Албанци. Се известуваше еднострано и на небалансиран начин, како во традиционалните (локални и национални), така и во новите медиуми, како во комерцијалните, така и во „јавниот сервис“, кој сè уште не е потполно јавен. Овој вид медијатизација на општествената стварност создаде два паралелни светови, македонскиот и албанскиот.

Иако, можеби не како во 2001 година и периодот по Охридскиот договор, медиумите и во денешно време, заради етнички ривалства, дезинформираат, предрасудуваат и стереотипизираат по етничка и верска основа. Често среќаваме и говор на омраза, кој не се санкционира од надлежните институции.

Изборот на премиерот Талат Џафери ги изнесе на виделина етничките предрасуди и стереотипи, кои постојат и кај дел од медиумската заедница. За жал, и дел од новинарите, како и дел од политичарите, сè уште мислат дека трите најголеми функции во земјата треба да бидат „забранети“ за Албанците. Се обидоа да се камуфлираат, спорејќи го стручниот капацитет и компетентноста на Џафери. Не се нималку за верување!

Во дел од медиумите, кои се про-опозициски настроени, како што се Алфа телевизија и Плусинфо, во текот на ноември, 2023 година, се известуваше дека ако не се постигне цензус на претседателските избори во 2024 година, по 8 мај целата државна власт може да биде концентрирана во рацете на Демократската унија за интеграција, односно Албанците, бидејќи премиерот ќе биде од албанска припадност, а претседателот на Собранието ќе ја врши и функцијата претседател на државата. Имагинарни конструкции односно, типичен етноцентричен наратив, кој има за цел да се создаде паника и страв кај македонското население од албанскиот политички блок.

Известување со дијаметрално спротивни наративи, базирани врз етнички интереси, имаме перманентно околу процесот на интеграција на земјата во Европската Унија. Од објавувањето на „францускиот предлог“ за преговарачката рамка на ЕУ за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ до денеска, во медиумите на албански јазик доминира уредувачка политика која има афирмативен пристап. Во нив се фаворизира интегрирањето во ЕУ, без разлика на цената, дури гледајќи го како единствена алтернатива за иднината на граѓаните на Северна Македонија. Додека во дел од медиумите на македонски јазик, кои имаат критички однос кон власта, имаме наративи кои се во насока на спротивставување на интегративниот процес, ако цената е промена на уставот и внесувањето на бугарската заедница во него. Во дел од нив често се нафрлуваат шпекулации или „анализи“ дека државата може да има и друга алтернатива, освен евроатлантската.

Во медиумите на албански јазик, уставните измени се третираат како неопходност или услов без исполнување на кој не можеме да одиме напред, бидејќи само тие го трасираат патот на земјата кон ЕУ, а со тоа и до подобар живот. Но, освен уставните измени, во овие медиуми се нагласуваше и фактот дека уставните измени треба да опфатат и промена на статистичката дефиниција на албанскиот јазик како „јазик што го зборуваат повеќе од 20 проценти од населението“ и нејзина замена со формулацијата „албански јазик“.

На 18 септември 2023, ТВ Канал 5 на обидот за убиство од жител на Арачиново врз негови двајца сограѓани кај ТЦ Бисер ѝ даде етничка димензија. Канал 5 на Фејсбук објави: „Повторно ‘албанофобија’ од страна на ОЈО? Им ветија на арачиновци школо за пилоти, па сега ОЈО се чуди зошто возат брзо…“, кој по реакциите беше избришан од страницата на социјалната мрежа! Кога поранешниот политичар, Исмет Рамадани ja критикуваше Kанал 5 за етнонационализам, директорот на оваа телевизија, Иван Мирчевски побара тој да го напушти студиото. Срамота!

Со ваквите наративи, дел од медиумите ги потпалуваат етничките страсти, иако нивната мисија и општествена одговорност е да даваат придонес за меѓуетничка толеранција, разбирање и соживот. Наместо да зближуваат, тие секојдневно фрлаат „масло во оганот“ и го трујат општеството со нетрпение и омраза! Алал да ви е „новинарски пера“!


Проф. д-р Сефер Тахири е универзитетски професор.

Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА. Текстот е личен став на Авторот.

Фотографија: Elvis Bekmanis / Unsplash


ЛИНК ДО ПУБЛИКАЦИЈА


#ОслободиГоУмот
#LirojeMendjen
#TromalkerenTumariGodi

Оваа анализа е дел од проектот „Ослободи го умот“. Проектот е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.
Tags: ДезинформацијаетикаМедиуминационализам
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ