• Latest

Албански медиуми: Албанската опозиција бара да се прогласи неважечко гласањето од 7 март; Во Скадар запленети се 37.336 кубици садници канабис; Курти нема да даде оставка, инсистира на распуштање на собранието

March 29, 2024
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Младиќ меѓу хашката пресуда и политичката митологија

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Албанската опозиција бара да се прогласи неважечко гласањето од 7 март; Во Скадар запленети се 37.336 кубици садници канабис; Курти нема да даде оставка, инсистира на распуштање на собранието

March 29, 2024 10:51
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Секретаријатот за етика во албанското Собрание денеска во 11:30 часот заседава за да го разгледа барањето на пратеничката група на ДП да ги прогласи за неважечки гласовите дадени на пленарната седница на 7 март; Пријавено е дека во полициската акција со шифра „Луарза 1“, запленети се 37.336 кубни метри семки и садници канабис, 1 возило, 1 трактор и предмети што се користат за оваа криминална активност, известуваат албанските медиуми.

Ова се само дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Балкан Веб: Опозицијата бара откажување на гласањето во Собранието, денеска заседава Секретаријатот за етика

Денеска во 11:30 часот заседава Секретаријатот за етика во Собранието за да го разгледа барањето на пратеничката група на ДП да ги прогласи за неважечки гласовите дадени на пленарната седница на 7 март.

Групата на ДП тврди дека сите закони изгласани на седницата на 7 март треба да се прогласат за неважечки, бидејќи не бил исполнет потребниот кворум во Собранието, пренесува Балкан Веб.

Еуроњуз: Во Скадар запленети се 37.336 кубици садници канабис

Полицијата во Скадар нападна случај на обид за одгледување наркотични растенија.

Пријавено е дека во полициската акција со шифра „Луарза 1“, запленети се 37.336 кубни метри семки и садници канабис, 1 возило, 1 трактор и предмети што се користат за оваа криминална активност, пренесе Еуроњуз.

КОСОВО

Репортери: Власта инсистира Курти да не поднесе оставка, препорачува на распуштање на Собранието

Во последните неколку дена власта и опозицијата во Косово зборуваа за можност за предвремени избори. Ова е откако понудата на премиерот Албин Курти до опозициските партии дека „заедно можат да ги направат бројките за распуштање на Собранието“, ја врати дебатата за предвремени избори во земјата.

Шефот на косовската извршна власт гарантира дека на опозицијата ќе и обезбеди две третини (2/3) од потребните гласови за распуштање на Собранието на Косово и излегување на предвремени парламентарни избори.

Сепак, Владата инсистира дека оставка на премиерот нема да има. Нивниот „услов“ за одење на нови избори е распуштање на Собранието, пренесува Репортери.

Досја: Реакции по одлуката да се отвори патот за влез на Косово во Советот на Европа

Властите во Косово ја поздравија одлуката на Комитетот за политика и демократија на Советот на Европа од претходниот ден да го отвори патот за членство на Косово во овој совет, а таа е жестоко критикувана од властите во Србија.

Косовскиот премиер Албин Курти одлуката ја нарече многу големо достигнување за земјата.

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, рече дека отворањето на патот за членство во Советот на Европа е заслуга на работата на сојузниците на земјата.

Србија е против членството на Косово во овој совет, а нејзиниот претседател Александар Вучиќ предупреди на можноста за негово заминување доколку Косово стане членка, иако во договорот постигнат пред една година во Брисел и Охрид, двете страни ветуваат дека нема да се попречуваат меѓусебно во интегративните процеси.

Двајца делегати од Србија и еден од Босна и еден од Црна Гора  гласаа против препораката на Комисијата за покана на Косово за членство, додека 31 гласаа за препораката.

На 18 април се очекува Парламентарното собрание да гласа за оваа препорака, додека конечната одлука за членството на Косово се очекува во мај, на Советот на министри на Советот на Европа, пренесува Досја.

КОЛУМНА

Коха: Пет германски историчари против канцеларот Шолц

„Пет германски историчари, секој поистакнат од другиот, и се обратија на Социјалдемократската партија (СПД) на канцеларот Олаф Шолц со остро писмо. Германските медиуми го нарекуваат „Brandbrief“: огнено писмо! Најпознат потписник на писмото е Хајнрих Аугуст Винклер (85 години) од Универзитетот Хумболт. Винклер е автор на главните дела за германската историја од 20 век.

Авторите на писмото изразуваат незадоволство поради немањето јасни позиции и недостатокот на несомнена солидарност на Германија кон Украина.“, пишува Авторот Енвер Робели во колумната „Пет германски историчари против канцеларот Шолц“, објавен во Коха.

Подготви: Д. Тахири

 

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ