• Latest

Албански медиуми: Курти и Вучиќ денеска во Брисел; протести за поддршка на рударите од Трепча; трето рочиште за Бериша

October 26, 2023
Еврокомесарката за проширување Марта Кос (photo: EC - Audiovisual Service)

Скандал: Српска националистичка песна на ЕУ форумот за проширување – што се случи?

November 17, 2026
Роботика во практична демонстрација: Прецизно ракување со предмети. (Извор: Google / Gemini, screenshot)

Вештачката интелигенција и роботиката: Светот отвора нови технолошки хоризонти

November 17, 2026

Црно Море: Потона товарен брод во бугарската економска зона, сомнежи за напад со морски дронови

November 17, 2026
Кијив, 17 ноември 2026 (ДСНС)

Руски ракетен напад врз два моста во Кијив – Украина бара прекин на огнот во Црното Море

November 17, 2026

Прва трилатерална средба на Џинпинг, Трамп и Путин во Шенжен

November 17, 2026

Прашање на денот: Насилството врз жените не смее да остане само вест! Што мора да се преземе?

November 17, 2026
Парламент на Србија (wikipedia)

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

ЕУ со нови санкции против руски банки, енергетски компании и мрежите за дезинформации

November 17, 2026

Мислете му ја!

November 17, 2026
фото извор: Алта банка

АЛТА БАНКА: Кредити од 1,6 милиони евра и можен судир на интереси

November 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Курти и Вучиќ денеска во Брисел; протести за поддршка на рударите од Трепча; трето рочиште за Бериша

October 26, 2023 10:54
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Косовскиот премиер Албин Курти и претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска се поканети во Брисел на средби со лидерите на Европската унија. Ова е прва средба по нападите на северот на Косово кај Бањска на 24 септември. Денеска ќе има протест за поддршка на рударите од Трепча, откако рударите  стапија во штрајк со барања за редовни плати.

Ова се  дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

КОСОВО

Газета Експрес: Курти и Вучиќ денеска во Брисел ќе имаат индивидуални средби со одредени лидери на ЕУ

Косовскиот премиер Албин Курти и претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска се поканети во Брисел на средби со лидерите на Европската унија.

Дописничката на РТК од Брисел, Ѓеракина Тухина, рече дека денот на средбата ќе ја одреди не само судбината на дијалогот, туку и судбината на односите на една или друга држава со овие клучни европски држави, пренесува Газета Експрес.

Според Владата, на Курти не му се соопштени агендата и деталите од средбата во Брисел, но тој изразил подготвеност да се вклучи во суштински разговори, под услов тие да бидат во согласност со принципот на инклузивност.

Арбреш: Денеска се протестира за поддршка на рударите од Трепча

Денеска ќе има протест за поддршка на рударите од Трепча, откако рударите од Трепча стапија во штрајк со барања за редовни плати.

Во соопштението се најавува дека протестот ќе се одржи со почеток во 12:00 часот, на влезот на Митровица.

„Се протестира за поддршка на рударите од Трепча кои штрајкуваа со барања за редовни плати, подобри услови и оставка од раководството. (Пред управата на рудникот „Трепча“, на влезот во Митровица)“, се наведува во соопштението, пренесе Арбреш.

Телеграфи: Градоначалникот на Лепосавиќ бара заминување на КФОР од општинскиот објект, смета дека ситуацијата е мирна

Шест месеци во зградата на општината живее градоначалникот на Лепосавиќ, Лулзим Хетеми. Тој вели дека ќе продолжи да остане таму, се додека државата Косово, поточно владата и премиерот Курти не побараат од него да си замине.

Хетеми во интервју за РТК бара КФОР да го напушти општинскиот објект бидејќи смета дека ситуацијата е мирна. Хетеми рече дека кога влегол во општината во мај, освен хаосот, не нашол ниту еден административен работник. Но, сега, според него, работите се промениле. Има 13 дирекции, 7 се со Срби и 6 Албанци.

Тоа се нови вработени во администрацијата, тоа се Срби од Лепосавиќ“, изјави Љуљзим Хетеми, пренесе Телеграфи.

АЛБАНИЈА

Панорама: По два неуспеси, денеска третото рочиште за Сали Бериша , ќе го брани државен правобранител

Трет ден по ред денеска на ЃККО ќе се одржи седница на која ќе се оценува безбедносната мерка за поранешниот премиер Сали Бериша. Денешната седница се очекува да започне во 10 часот, додека веќе два дена пропаднаа.

Поранешниот премиер Бериша беше принуден да се појави и му беше забрането да ја напушта земјата, бидејќи против него се води истрага за корупција со приватизацијата на поранешниот комплекс „Партизани“.

Ден претходно адвокатите ја напуштија седницата со аргумент дека Судот отфрлил некои барања што ги упатиле, меѓу кои и изземање на судијката Ирена Ѓока од судењето на предметот и отфрлање на барањето предметот да се испрати до Уставниот суд за толкување на одлуката за мерката „обврска за јавување“ за поранешниот премиер, пренесе Панорама.

КОЛУМНА

Сури: Да бараш нормализирање од  нападнатите!

„Да се ​​биде албански полицаец во Косово, особено ако служиш на северот на земјата, од убиството на полицаецот Буњаку, значи да бидеш можна мета на експлозиви или куршуми, значи да си еден вид војник на првата линија, но, со една разлика, да ги немаш капацитетите на еден војник“, пишува Дрен Души во колумната „Да бараш нормализирање од нападнатите!“, објавена во Сури.

Според него, КФОР можеби не потфрлил во смисла на професионално извршување на мисијата, но смета дека во прашање се други околности.

„Не верувам дека КФОР потфрлил, бидејќи тие не се воена сила која пропаѓа така лесно, толку непрофесионално, што под нивна стража создаде вооружена герилска сила од Милан Радоичиќ под раководство на српските служби, а тие држат предавања како да треба Косово да отсече парче од својата територија, во служба на српскиот претседател Александар Вучиќ. Не, ова не може да биде сериозно, доверливо, и што е вистина, тоа негативно влијае на кредибилитетот на политиката за медијација воопшто, за случајот Косово-Србија“, пишува Души.

Подготви: Д. Тахири

 

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ