• Latest

Албански медиуми: Српскиот адвокат Стојковиќ оддаде почит на гробот на Блерина Јашари; Централната банка на Косово го „укина“ српскиот динар; СПАК го отфрли барањето на Бериша за учество во Собранието

January 19, 2024
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Српскиот адвокат Стојковиќ оддаде почит на гробот на Блерина Јашари; Централната банка на Косово го „укина“ српскиот динар; СПАК го отфрли барањето на Бериша за учество во Собранието

January 19, 2024 11:21
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во косовските медиуми денеска една од најчитаните содржини е веста за посетата на српскиот адвокат Чедомир Стојковиќ, на гробот на седумгодишното девојче Блерина Јашари ( од семејството на Адем Јашари) во меморијалниот комплекс во Преказ.

Косовската централна банка донесе одлука за укинување на српскиот динар во Косово, валута која се употребува на северот на Косово.

Ова се дел од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, на темите од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

РТК: Српскиот адвокат Стојковиќ оддаде почит на гробот на Блерина Јашари

Чедомир Стојковиќ, адвокатот на српскиот политичар Никола Сандуловиќ, положи цвеќе во комплексот „Адем Јашари“ во Преказ на гробот на Блерина Јашари, седумгодишното девојче убиено во 1998 година.

Тој остави и порака на нејзиниот гроб. „Омразата умира. Ти  живееш вечно. Илјада солзи за илјада години, и милиони надежи и соништа. Кои почнуваат со зборот – Извини“, се наведува  во пораката.

„Мораме да се стремиме кон мир. И ние мора да се стремиме кон помирување! Од тоа зависи иднината на нашите деца. Денеска положив цвеќе на гробот на албанската девојка Блерина Јашари, која беше убиена кога имаше 7 години“, рече тој по почестите на гробот на Блерина Јашари, пренесе РТК.

НОА: Централната банка на Косово го „укина“ српскиот динар: Плаќањата ќе се вршат само во евра

Централната банка на Косово одобри регулатива за готовинско работење, во која се вели дека единствената валута дозволена за извршување на трансакции за плаќање во готовина во Косово е еврото.

Во Косово, во сите населени места со мнозинско српско население, тамошното население го користи српскиот динар за плаќање, а и оние кои работат во српските институции на Косово, платата ја земаат во динари. Со динари се исплаќаат и пензиите, според српскиот систем, како и детски додатоци и социјални надоместоци, пренесе НОА.

ОРАинфо: Почнува собирањето потписи за разрешување на Илир Пеци од функцијата градоначалник на Звечан

Денеска почна собирањето потписи за разрешување на градоначалникот на општина Звечан Илир Пеци.

Собирањето потписи за разрешување на градоначалниците почна и во Северна Митровица и Лепосавиќ.

Потоа потписите се доставуваат до претседателот на општинското собрание и до ЦИК. Потоа, изборната институција ги верификува потписите и доколку не се онолку колку што се бара – 20 отсто од гласачите – иницијаторите на барањето имаат рок од 10 дена да ја исполнат оваа квота, пренесе ОРАинфо.

Клан: СПАК го отфрли барањето на поранешниот премиер Бериша за учество во Собранието

Специјалното обвинителство за корупција и организиран криминал го одби барањето на поранешниот премиер Сали Бериша да учествува на пленарните седници на Собранието.

Барањето поднесено на 15 јануари годинава од правните бранители на поранешниот премиер, Сокол Менѓеси и Генц Ѓокутај, обвинителите на СПАК го отфрлија на 18 јануари, пренесе Клан.

Сури: Пратениците на ДП ја блокираат работата на Комисијата за изборни реформи

Пратениците од опозицијата одлучија да го блокираат состанокот на специјалната Комисија за изборни реформи.  Лидерот на групата ДП Газменд Барди од 10 часот ја собра пратеничката група на Демократската партија.

По состанокот,  тие ја окупираа салата во која комисијата ќе ја работи својата работа, пренесе Сури.

КОЛУМНА

Коха: Дијалог от и евроинтеграциите на Косово во годината на мега-изборите

„Причините за евентуалната стагнација во нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија, како и гранатирањето на апликацијата на Косово за членство во ЕУ, не се европските избори, ниту американските, ниту оние во Северна Кореја или во Русија и Индија.

Успехот на процесот зависи само од притисокот врз Србија да го спроведе она што ЕУ и понатаму го нарекува Договор за патот кон нормализација.

ЕУ мора да најде одговор на сега писмената декларација на Србија дека нема намера да ги спроведе главните делови од тој договор“, пишува авторот Аугустин Палокај во колумната „Дијалогот и евроинтеграциите на Косово во годината на мега-изборите“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ