• Latest

Али и Грујо, тоа е тандем прав, еве филма два, „за народ и за бав“!

January 17, 2017

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Али и Грујо, тоа е тандем прав, еве филма два, „за народ и за бав“!

January 17, 2017 11:43
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Младичот со кристалната топка, убавци и убавиции мои, си зеде за слобода да направи мала рецензија на двата сериски филма од продукцијата на „Биг Казн & ДУИ НГ Бизнис”, специјално дизајнирани за Народот и за негово “олеснување“ од секојдневните глупави проблеми, како кражбата на неговите пари, неговото крајно осиромашување, како и опустошувањето на неговата држава, природа и животна средина, институции, општество…

Пишува: Петрит Сарачини

Првиот впечаток е дека се работи за вистински домашен производ. Со целиот вкус и шмек на локалната традиција во правење филмови. А како таков, тој не е за брзо, фаст-фуд конзумирање, лапни – голтни. Тој треба да се густира, јаваш – јаваш. За вистинско уживање, малку се неколку денови, недели, па и месеци, или само неколку епизоди.
Филмот први, е всушност акционен трилер во продолженија. Серија со мошне модерна тематика: лов на вештерки. Главна идеја и намена е за дефокусирање на публиката, т.е консументите, од неважни теми како криминалот на продуцентите. Филмот носи работен наслов „Десоросоизација“.

Филмаџииве, 10 години, со комплетно партиска полиција, обвинителство и судство, не продуцираа ниту еден случај на злоупотреба на странски фондови од невладините организации.

Да имаа нешто, ќе гледавме „невладини фолиранти” како јадат асфалт и ги влечкаат по судови со лисици. Вака, гледаме неказнето лажење на јавноста, сеење омраза, повици на насилство и оцрнување, навредување и клеветење на луѓе. Тоа му дава посебна драж на филмот.

Притоа, половина од надежниве продуценти и повеќе, некогаш и сега, примаат пари, стипендии, хонорари, одат на семинари, тренинзи, држат и посетуваат обуки…, сè со клетите странски пари.

Од истите фондови на „мрачните сили” (неповратни средства, а не кредити), градеа училишта, патишта, водоводи и канализации, опремуваа болници…Сечеа ленти, се сликаа и снимаа, море цели епизоди направија, се фалеа со направеното со туѓи пари, за кои се знае каде се потрошени, до денар…

За тоа време, единствената злоупотреба на странски пари беше откриена, погодете каде: во нивниот владин Секретаријат, со европските фондови за образование. Ал’ околу таа епизода, они не би да дигаат многу џева.

И секако, за тоа време, нашите пари и оние од кредитите со кои не заборчија до гуша, ги трошеа и крадеа без есап. Трупаа бронза, гипс-картон и стиропор, сакаа да снимаат филм појак и поскап од Троја, Александар (оној холивудскиот), Бетмен и Супермен заедно… И ги пренатрупаа своите сметки во Белизе, Лугано, Кипар…

Вториот филм е фарса, која во својата емоција варира од агонична трагедија до урнебесна комедија. Поставен е на вечно актуелната тема, односите меѓу Македонците и Албанците…, на моменти, тоа е модерен вестерн, полн со хероика, партиотизам, епика!

Десет години, епски и херојски, делат тендери, вработувања, функции, привилегии, провизии. бифтеци…, овај, власт. Комити и команданти. Јунаци.

А 10 години албанскиот јазик, ту го официјализирале, ту ќе го официјализираат. Ту ги боли грбот, ту крстот, ту орелот… Нивниот систем ги продуцираше Енциклопедијата, „Скопје 2014“ и како етнички дискурс, Калето, „Монструм“, Куманово, тепачките по автобуси и училишта, поделбите кои се протегаат од зградите и канцелариите на Владата, министерствата и сите институции, преку училиштата, па сè до поделените кафулиња и улици во Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Куманово…

Сега, испорачуваат прогласи, декларации, земи или остави… Наместо како Гари Купер, точно на пладне, ачик на улица пред сите, нивните „пресметки“ се обично по полноќ, зад затворени врати…

Но, кога ќе се погледне од друг ракурс: од Штуловиот универзитет, преку Рамковниот договор и неговото инкорпорирање во правниот систем со уставните промени во 2001 и 2002 година, амнестијата за хашките случаи, па сè до “командант на УЧК за министер на АРМ”… Па, побогу, сите најкрупни „отстапки” кон „клетите Шиптари” (освен официјализирањето на Тетовскиот универзитет по 2001 во време на СДСМ и територијалната поделба, која реално е на штета на сите, а не ја подели Македонија како што заплашуваа некои), се направени со гласање на мнозинството на ВМРО?!?

За вратка, и УЧК си гласаше, на пример, за Тони Науноски да биде член на Антидискриминациската комисија. Не гласаше за продолжување на мандатот на СЈО пред само неколку месеци, а сега го поставува како услов?! Си ги гласаше послушно сите буџети кои, нели, ги дискриминираат Албанците, и со кои се градеше и споменикот на Душан Силни кој ќе го рушеа со токмаци, и црквата на Кале, а со тие пари се организираше и прославата на битката на Зебрњак, која и за Македонците и за Албанците не буди некои сентименти на прослава…

А зошто тогаш, ќе прашате лепојки и лепотани мои, пред и околу секои избори, се тепаат, во филмовиве? Ја знаете онаа старата: „Ко се бије, тај се воли“! А башка, „публика томе не може да одоли“.

И така, добри ова нашиве филмаџии, бе! Фали некој само да го запакува тоа убаво во една македонска блокбастер серија, пред која би потклекнале и моќните јужноамерикански продуценти. А можеби и турските, никогаш не се знае. Тоа е сега единствената реална конкуренција. Оти, Боливуд веќе го освоивме со брат Субрата, а и Холивуд ќе е наш, со брат Трамп!

Tags: „Монструм“„Скопје 2014“десоросоизацијаРамковен договорСубрата РојТрампШтулов универзитет
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ