Во мега интервју за ЦивилМедиа, проф. Оливер Андонов, открива ексклузивни детали за начинот на функционирање на ВМРО-ДПМНЕ и владата, за напорите за демократизација на партијата, за начинот на кој се води политиката, вклучително и надворешната политика.
Тој говори и за одбраната и одбранбените стратегии на државата, за Украина и нејзината борба за слобода и праведен мир, за регионалната стабилност и вооружувањето на Србија.
Во овој дел од маратонското интервју на Џабир Дерала со Оливер Андонов, професорот зборува за партиската фракција што ја предводи, за внатрешно партиско дејствување со цел да се демократизира ВМРО-ДПМНЕ за кое, посочува, партијата сега е претворена во биро за вработување.
Соговорникот го објаснува начините на кој функционира Христијан Мицкоски кој, како што вели, е опкружен со лојалисти, а партијата е претворена во биро за вработување.
Камера и монтажа: Ариан Мехмети