„Среќа е што ваквите чудовишта секој ден треба да се хранат, треба нови и нови групи, луѓе се додека не станат мнозинство“.
„Тоа што е страшно, е што пред да биде подобро, ќе биде полошо. Последен изблик на сето ова е нападот на реформата во образованието. Нападот не е случаен и наивен, не е напад на дигитализацијата (иако има финансиски аспект). Меѓутоа, главното е што структурата на Груевски успеа да го вгради во учебниците е тврдиот патријархат. Овој напад врз реформата е токму да се избегне чистење на учебниците од тврди патријархални содржини кои се вметнале. За трансџендер луѓето прават тотална дехуманизација, тие веќе не се луѓе, туку идеологија. Тоа е дехуманизацијата. И утре може некој да оди да убие некого бидејќи е идеологија, а не човек“
Изјава на Кочо Андоновски од ЛГБТИ центарот при Хелсиншкиот комитет на дебатата на ЦИВИЛ „Црната пропаганда против граѓанските организации“, одржана на 7 јули 2021 во Скопје.