Не повеќе од 12 часа од последната седница на ДУИ на која не беше донесена одлука за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ, инспектори од Министерството за труд и социјална политика ги посетиле општините Тетово и Чаир, каде градоначалници се потпретседателите на ДУИ Теута Арифи и Изет Меџити.
Трудовите инспектори дале препорака по канцелариите на општините да се стават известувања за тоа дека е забрането пушењето.
Претходно, инспектори на Финансиската полиција ја посетија Општина Гостивар, каде градоначалник е Невзат Бејта, исто така, потпретседател на ДУИ кој бил против продолжување на партнерството со ВМРО-ДПМНЕ.