• Latest
Скриншот од видео на ВВС

Арно што Трамп не беше претседател на САД во 1941 година

December 8, 2025

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Арно што Трамп не беше претседател на САД во 1941 година

December 8, 2025 11:07
in АНАЛИЗИ, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Скриншот од видео на ВВС

Скриншот од видео на ВВС

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Претседателот на САД, Франклин Д. Рузвелт, во 1941 година го заврши американскиот изолационизам и ги вклучи САД во конфликтот како дел од сојузниците против силите на Оската, борејќи се и на европските и на пацифичките фронтови.

Но дури и за време на таканаречениот изолационизам, со Законот за заем и наем, од март 1941 година, САД почнаа да снабдуваат воен материјал со Велика Британија и другите сојузници (вклучително и СССР), во суштина станувајќи „арсенал на демократијата“.

Можете ли денес да замислитe што ќе се случеше со Европа и со светот доколку претседателот Рузвелт, наместо да застане зад своите европски сојузници, одлучеше да го поддржи Адолф Хитлер? Дали ќе постоеше современа Европа каква што ја знаеме? Дали воопшто ќе имаше простор за демократија, човекови права, слобода и меѓународен поредок базиран на правила?

Нема потреба да ги напрегате сивите ќелии за да замислите такво нешто, Доволно е да се погледне денешната Национална стратегија на САД  изготвена од администрацијата на Трамп – документ кој, наместо да ги зајакне традиционалните партнерства со Европа, се претвора во критика на европските сојузници и опасно се приближува до реториката и барањата што одамна ги слушаме од диктаторот Путин.

Таквиот пресврт отвора непријатно чувство на предавство, и тоа од некој близок на кого бескрајно сте му верувале, додека Вашингтон, свесно или (не)свесно, се движи сé подалеку од принципите кои ја обликуваа демократијата во светот по победата над фашизмот и ја поткопува создадената поствоената безбедносна архитектура. Ако Рузвелт тогаш избра страна на слободата, денешното прашање е: во која насока се движат САД денес – и какви последици може да има тоа за Европа и за целиот свет?

Нека не ве чуди ако, доколку деновиве патот ве наведе низ Хајд Парк во Њујорк, слушнете чудни звуци кога ќе проаѓате покрај Градината со рози во Националниот историски локалитет на домот на Франклин Д. Рузвелт, каде што е погребан.

Тоа Рузвелт се превртува во гробот додека Трамп и неговите „јастреби“ ја поставуваат визија за новата Национална безбедносна стратегија како фундамент за американската политика – во согласност со реториката на движењето MAГA – поддржана од евроскептичните и антимиграциски партии во Европа, и  „во голема мера конзистентна“ со визијата на Москва.

Истовремено, сегашни и поранешни високи членови на внатрешниот круг на на Трамп, побрзаа да ја поддржат предложената стратегија, додека некои дури и  се потрудија со непромислени објави да долеат масло на огнот.

Државниот секретар Марко Рубио го удвои нападот врз Европската комисија за казната од 120 милиони евра на социјалната мрежа на Елон Маск поради нејзиниот процес на верификација на „синиот беџ“.

Ова како еако едвај да го дочека „развластениот“ поранешен човек од доверба на Трамп, милијардерот Елон Маск, па побрза да се вклучи во дебатата, обновувајќи ја онлајн расправијата со Радослав Сикорски, министерот за надворешни работи на Полска, откако на неговата социјална мрежа Х објави пост во кој повика на укинување на Европската Унија, по што Сикорски му порача „ да оди на Марс.“

Заменикот на Рубио, Кристофер Ландау, повтори многу од тврдењата во документот, нарекувајќи ја ЕУ „неизбрана, недемократска и нерепрезентативна бирократија“ насочена кон „политики на цивилизациско самоубиство“.

Сепак, се чини дека новата стратегија на Трамп не остава голем простор за изненадување кај европските сојузници, бидејќи дел од реториката се совпаѓа со говорот на американскиот потпретседател Џ.Д. Венс на Минхенската безбедносна конференција во февруари, каде што ги шокираше европските влади обвинувајќи ги за уништување на политичката опозиција.

И додека Туск, Сикорски и другите политичари возвратија на новата стратегија на САД во различен степен, Каја Калас, шефицата за надворешни работи на ЕУ, зазема попомирувачки тон, прифаќајќи некои од критиките на документот. Истовремено, Европската комисија нагласи дел од заедничките точки меѓу ЕУ и САД, велејќи дека „го поздравуваме силниот приоритет што Стратегијата го дава на завршувањето на војната на Русија против Украина“, и иако не се осврна директно на тврдењата на САД за слободата на говорот, суверенитетот и миграцијата, изјавата срамежливо го бранеше правото на блокот да донесува свои одлуки.

Веќе станува јасно дека заспаната Европа мора конечно да се разбуди од зимскиот сон, и да се запраша дали може вечно да ја темели сопствената безбедност на претпоставките со секој новоизбран претседател, дали САД ќе направат правилен избор. Историјата ни кажува дека демократските сојузи функционираат само кога двете страни делат исти вредности и исти цели. А кога тие вредности почнуваат да се разводнуваат, тогаш и најсилните партнерства стануваат кршливи.

Останува да се надеваме дека внатре, во самите САД ќе се слушне гласот на разумот. Демократите во Конгресот предупредија дека документот би можел да ги наруши надворешните односи на САД.

Претставникот Џејсон Кроу од Колорадо, кој е член на комисиите на Претставничкиот дом кои ги надгледуваат разузнавањето и вооружените сили, ја нарече стратегијата „катастрофална за угледот на Америка во светот“.

Претставникот од Њујорк, Грегори Микс, рече дека таа „ги отфрла децениите лидерство на САД базирано на вредности“.

Зрак надеж кој доаѓа од САД е последнта анкета која покажува дека мнозинството Американци, вклучувајќи ги и републиканските гласачи, го поддржуваат вооружувањето на Украина против Русија, го поддржуваат НАТО и се залагаат за силна глобална улога на САД, – ставови спротивни на новата безбедносна доктрина на претседателот Доналд Трамп.

Наодите од Регановата анкета за национална одбрана покажуваат дека 62% од граѓаните на САД сакаат Украина да надвладее над Русија, при што мнозинството и од републиканците и од демократите се согласуваат со Кијив, додека поддршката за испраќање оружје во Украина се искачи на 64%, девет поени повеќе од минатата година.

За разлика од новата Стратегија за национална безбедност на Трамп, анкетата покажува дека поддршката за НАТО алијансата се искачила на 68%, највисокото ниво забележано откако започна анкетата во 2018 година, со силна поддршката за Членот 5 на НАТО, при што 76% од Американците – вклучувајќи 76% од републиканците и 80% од демократите – велат дека Соединетите Држави треба да одговорат со воена сила ако сојузник биде нападнат.

Сепак, судејќи според досегашното искуство со донесувањето и менувањето на донесените одлуки од страна на Трамп, најголема веројатност дека сегашната ситуација може драматично да се промени е доколку до Трамп и неговите „јастреби“ во Белата куќа стигне добар бизнис предлог ( што не може да се одбие), за кој Трамп ќе оцени дека е поволен…финансиски, се разбира. Зошто демократските вредности во САД под водство на Трамп, веќе се целосно еродирани.

Арно што Трамп не беше претседател на САД во 1941 година. Во 20 век, тоа ќе значеше победа на тоталитаризмот. Во 21 век, може да значи нешто посуптилно, но исто толку опасно: свет во кој авторитарните сили добиваат простор, а демократиите се на работ на преживување.


ЦИВИЛ МЕДИА | Ставовите и наодите во овој текст се целосна одговорност на авторите и не нужно ги претставуваат ставовите на донаторите или на другите партнери и соработници на организацијата.

Tags: 1941Доналд ТрампЕУНАТОновата Национална безбедносна стратегија на ТрампСАДФренклин Делано Рузвелт
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ