• Latest

Јасно е, фашистите паѓаат

May 13, 2017
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Јасно е, фашистите паѓаат

May 13, 2017 11:18
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Битола, ден по крвавиот напад на Собранието. Ја промовираме Граѓанската повелба, глобален документ за реафирмација на човековите права и граѓанското учество. На штандот на ЦИВИЛ има дури и поголем интерес, признание и поддршка од вообичаеното.

Пишува: Џабир Дерала

„Кажете каде да потпишеме! Ви веруваме и секогаш ќе ве поддржуваме!“ – вели еден возрасен битолчанец. Луѓето споделуваат со нас дека се крајно вознемирени и револтирани, но и дека нашето присуство таму им значи, им влева доверба дека работите одат на подобро. Храбро се носат со ситуацијата, но револтот е голем. Заеднички констатираме дека „фашистите го покажаа своето лице и нападнаа за последен пат“. Говорот на луѓето одамна стана јасен, гласен и директен.

Тогаш, едно џбитаче почна да нè фотографира со мобилниот. Откако го направи тоа, почна да пцуе и извика: „Племето ваше шиптарско, ќе видите вие!“ Неговиот гласен извик, сепак, предизвика нешто друго. Уште повеќе граѓанки и граѓани се собраа околу нашиот скромен, картонски штанд. Ни кажаа дека тој човек е „ лудак и фашист“. Дознавме дека му е братучед на функционер од Фамилијата. „Јасно е, фашистите паѓаат, а насилството нема да ги спаси“ – велат.

Фотографирањето беше сосема излишно. Имаме подобри и попрофесионални фотографии и видео записи од сите нас на нашите веб страници и Фејсбук профили, од каде што јасно се гледа што правиме и за што се залагаме. Но, ако сака приватна колекција, тоа е негова работа. Пцостите и заканите само говорат за него, а еден ден и ќе одговара за своите постапки, кога судиите нема да ослободуваат криминалци и нема да затвораат невини луѓе и политички неистомисленици.

Тие денови го ограбија и нашето седиште, но тоа не влијаеше на нашите планови. Продолживме понатаму, со тоа што не можат да ни го украдат – посветеност, храброст и решителност. Гостивар, Велес, Охрид, Струга, Ресен, Штип, Пробиштип… Секаде сме пречекани со истата широка насмевка и поддршка. За само десетина дена, поминавме исто толку, ако не и повеќе општини. Во Охрид, познат тепач и учесник во крвавата собраниска епизода, се појави во близина на штандот. Немаше ефект. Поточно, ефектот беше поголема поддршка од граѓан(к)ките кои сè погласно говорат и ја бараат слободата и правдата. Горд сум со моите сограѓанки и сограѓани!

Tags: @активизамГлобална повелбафашистиЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ