УТРИНСКИ КОЛУМНИ
Во рамките на динамичните настани кои се секојдневни на меѓународно ниво, често не забележуваме активности кои се многу битни, но на прв поглед можеби делуваат неатрактивно. Еден од тие настани е инцијативата на Вашингтон за некаква – условно речено – поделба на вселенскиот колач кој за дел од стручната јавност во светот е прaвно спорна, но и за другите велесили во освојување на вселената, Русија и Кина, пред се, во тој договор гледаат извор на несогласувања, бидејќи, им дава второкласни позиции. Договорот кој се однесува на некој вид на поделба на природните добра на Месечината, Русија, главниот партнер на САД за Меѓународната вселенска станица, категорично одби да го потпише До тој миг се чинеше дека токму освојувањето на вселената е дел од најдобрите денови на детантот. Особено затоа што по серијата неуспеси на НАСА во остварување на нивниот програм, лансирањата на Роскосмос беше единствениот начин да се испратат американски астронаути во вселенски објект таму горе., анализа на Љубомир Костовски во колумната „Бајконур: Повеќе од симбол на моќта на Русија во планетарни рамки“
После полни четири часа разговори во Брисел, кои на моменти беа тензични, не е постигнат значаен напредок меѓу НАТО и Русија за намалување на тензиите и деескалација на руско-украинската граница и контрола на вооружувањето во овој дел на Европа.
Претставниците на Алијансата глатко ги отфрлија барањата на Москва од Алијансата да не се шири и да ги повлече своите сили од источна Европа. Членките на НАТО го повториле својот цврст став дека членството во НАТО е суверена одлука на секоја земја и Русија на тоа нема право на вето. Останува уште еден состанок со ОБСЕ во Виена, но очигледно е дека руските дипломати кои учествуваа во разговорите мораат да се врата дома со половично завршена работа, за да добијат понатамошни инструкции од претседателот Владимир Путин, колумна на Александар Николиќ Писарев „Претставниците на Алијансата глатко ги отфрлија барањата на Москва од НАТО да ги повлече своите сили од источна Европа“
Впрочем, некогашниот агент на КГБ ужива во тоа да се обвива со вел на мистериозноста. Путин постојано ја држи светската јавност во состојба на нелагодно исчекување. Неговите изјави често ги шокираат западните дипломати.
Што и да кажат руските претставници Рјабков, Грушко или некој друг на преговарачката маса во Женева, Брисел, Виена или на било кое друго место, на крајот тие изјави се само дел од триковите и тактиките, а не се цврсто утврдени принципиелни ставови на Путин и неговите воени и пропагандни генерали.
Со други зборови, изјавите од Кремљ или од самиот Путин се само тактички потег на шаховската табла. Не вистински став, туку само маневар, со кој се предизвикува илузија, за да се зашемети противникот. Бидејќи ставовите и принципите се поврзани со стратегијата за хегемонија и владеење на цврстата рака, читајте во едиторијалот на Џабир Дерала „Путин во потрага по наци-сталинистичкото наследство на Советскиот Сојуз“
ИНТЕРВЈУ
Задорожњук, амбасадорка на Украина: Русите самите провоцираат, напаѓаат, окупираат, убиваат и при тоа чувствуваат „опасност“. Би било смешно да не е толку тажно!
Во светлина на најновите тензии што ги предизвика натрупувањето на руска војска и тешко вооружување на украинските граници и во обид пред македонската и светската јавност да се претстават гледиштата и информациите од украински агол, побаравме интервју со Амбасадорката на Украина, Н.Е. Наталија Задорожњук.
Со искрени и директни одговори, Амбасадорката Задорожњук сподели информации и остри гледишта за руската агресија врз Украина и заканите против европскиот и светскиот мир.
БРЗА ПОШТА
КАТЕРИНА КОЛИЗОВА: Кои се мотивите на овој герои?
Едно само ме загрижува: неговата реторика и таа на Каракачанов се спротивни, но конкретните цели им се споделени – тапкање во слепава улица – поточно, идентични, постигнатите резултати идентични, отсуство за дијалог и неможност од постигнување какви и да се резулатати – идентични.
МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА: На Македонија ѝ се доволни 7 министерства, 80 пратеници, 30 општини…
На Македонија ѝ се доволни 7 министерства, 80 пратеници, 30 општини. Македонија не смее да биде сведена на Скопје. Македонија се сите градови и села. И граѓаните во секој град и секое село имаат право на еднакви услови за живеење.
За успешен и разбирлив почеток на денот: Сашо Орданоски и екипата во „Утрински брифинг“ со ексклузивни информации и интервјуа
„Утрински брифинг“ чиј креатор е колумнистот на ЦИВИЛ МЕДИА, познатиот Сашо Орданоски, се емитува во живо на Јутуб каналот на Слободна ТВ и Фејсбук страницата на „Слободен печат“. Редовната програма трае од 7.30 до 11 часот, секој работен ден.
Нова рубрика „Брза пошта“ – Вашите мисли и опсервации, жолти и црвени картони, кратки белешки и пораки, отсега во брза пошта. Останете гласни!
Цивилмедиа.мк воведува нова рубрика – „Брза пошта“, каде што авторките и авторите можат да ги овековечат своите мисли, белешки и пораки. Во трката со времето, често се нема време за пишување долги и елаборирани коментари и анализи, а потребна е брза реакција. Затоа, Редакцијата одлучи да отвори таков простор кој може да послужи и како своевидна комуникациска алатка, размена на мисли и пораки, но и вовед во пошироки анализи и мислења.
НАСТАНИ
СЕДНИЦА: Владата на Република Северна Македонија денеска со почеток од 13:30 часот ќе ја одржи 133-та седница. За заклучоците и одлуките од седницата јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување, информираат од Владата.
КОНКУРС: Крајниот рок за доставување на трудовите за Годишната награда за 2022 година за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството на Народната банка (НБ) истекува на 1 февруари 2022 година, потсетуваат од централната банка. Конкурсот, што Народната банка традиционално го објавува изминатите 15 години, има за цел да ја поттикне научната мисла и да афирмира млади истражувачи. Право на учество имаат државјани на Република Северна Македонија на возраст до 35 години, со исклучок на вработените во Народната банка и членовите на Советот на Народната банка. Повеќе информации може да се најдат на линкот https://bit.ly/Godisna_nagrada
КУЛТУРА: Со традиционалното дефиле под маски, кои на сатиричен начин ќе ја прикажат изминатата година, денеска напладне официјално почнува Вевчанскиот карневал „Василичари 2022 година“. Двете василичарски друштва Горна и Долна маала со зетот, невестата, двата ѓаволи, глупавите Августи и останатите маски инспирирани од актуелните политички и секојдневни случувања во земјава и светот ќе продефилираат низ вевчанските улици. Вевчани денеска и утре ќе наликува на театар на отворено, а секое карневалско издание за вевчанци е доживување и инспирација за изработка на маска за следната година. Вевчанци ќе кажат се, но до последен момент, до дефилето не откриваат во што ќе се маскираат.
Дел од најавите во овој текст се од сервисот на МИА.
Д. Мишев