• Latest

Балкански допирни точки: Соочување со минатото во недемократски држави

June 27, 2016
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Балкански допирни точки: Соочување со минатото во недемократски држави

June 27, 2016 16:22
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во организација на Форум ЗФД и српскиот неделен весник „Време“ во Скопје се одржа третата по ред панел-дискусија „Допирни точки: Што е Балкан, што се зборува за Балканот и што би можел Балканот да биде“, во рамки на проектот „Точки на среќавање“. Проектот опфаќа прашања кои се однесуваат на културните и историските односи на Балканот, вклучувајќи ги и односите на Албанците со соседните јужнословенски народи. Говорници на дискусијата беа Теофил Панчиќ, колумнист од Србија, Елиза Хоџа, архитект и урбанистички планер од Косово, Жидас Даскаловски и д-р Сашо Орданоски, политички аналитичари од Македонија.

Модератор на панел дискусијата беше Џабир Дерала од ЦИВИЛ – Центар за слобода, кој дискусијата ја отвори, поставувајќи го прашањето на историските и културните релации во политички контекст, и на предизвикот со кој се соочуваат интелектуалците и уметниците од Балканот во меѓусебниот дијалог и во запознавање на проблемите со етничките заедници и со нивните култури. Како што изјави Дерала, една од целите на проектот е преку соочување со минатото да се постават мостови на соработка и разбирање меѓу различните ентитети.

DSC_0316
Теофил Панчиќ, колумнист

„Зборот заедница, кој е доста популарен во последно време е во склад со мултикултурната догма која владее на Балканот, и која според мојата длабока убеденост е повеќе конзервативна, отколку либерална. и многу повеќе нанесува штета, отколку што има корист од неа. Ако едно општество го поставите како низа од заедници, а нив ги дефинирате, пред сé како етнички, културолошки, јазични, односно, не преку одбрани, туку преку колективни својства (кои не се по сопствен избор, некој им кажал, ти си Србин, ти си Албанец, кој јазик е чиј ..), вие во старт сте во една не-граѓанска и не-либерална позиција. Веќе немате општество како целина, туку друштво кое се состои од неколку ентитети кои постојано треба меѓусебно да се борат за свој интерес, што подразбира освојување, кое води до конфликт“, рече Теофил Панчиќ, изразувајќи го својот сомнеж дека улогата на законите, од друга страна, во регулирањето на воспоставување на заедничка соработка и градење на добри меѓусебни односи на народите на Балканот е возможно.

Елиза Хоџа, како урбанист и архитект, од свој агол ја објасни улогата и функцијата на спомениците како културно и историско-општествени обележја и креатори на идентитети, кои преку етничкитеа заедници се поврзуваат со една заедничка идеја или идеологија и колку тие влијаат во процесот на градење на нација.

DSC_0229
Елиза Хоџа, архитект

Таа објасни и како гледа на проектот „Скопје 2014“. „Ми рекоа, ако одиш во Скопје, немој да стоиш подолго време на тротор, затоа што луѓето ќе помислат дека си споменик… Овој проект со споменици го убива градот и не му дава простор и празнина на градот, на архитектонски и на комуникативен начин“, изјави Хоџа, зборувајќи и за поставеноста на жената во овој контекст.

DSC_0274
Жидас Даскаловски, политички аналитичар

Објаснувајќи го процесот на создавање нација, Жидас Даскаловски се осврна и на прашањето дали и колку е либерален односот на власта кон процесите на градење на нација на останатите етнички групи во земјата: „Во светот е помал бројот на земји кои го промовираат полибералниот концепт на градење на нации, а поголем е бројот на оние што се конзервативни. А, знаеме дека и голем број земји и не се демократски, така што е исклучено правото на давање на права на помалите заедници.“

DSC_0302
Сашо Орданоски, политички аналитичар

Надоврзувајќи се на поставеноста на либерализмот во општеството и неговите придонеси кон градење на функционални мултиетнички општества или заедници, Сашо Орданоски лоцираше дека прашањето не е во тоа колку права имаат заедниците, туку каде тие ќе се сретнат во општеството:

„Во суштина е во криза левата идеја. Таа веќе тешко мобилизира, со пропаѓањето на социјалната држава како концепт, и таа тешко ја нуди својата главна мотивациска сила, а тоа е надежта. Настрана стравовите кои се принцип на водење на политиката на десницата. Главниот проблем кој ние го имаме, од друга страна, кога сето ова го знаеме, како некоја глобална криза, е што на Балканот нема демократски држави. Ние сите живееме автократски комплетно или во полудемократски држави. За какво мултиетничко општество ќе зборуваме, кога живееме во такво каде се укинати, да речеме дебатите, не од типот пет души во една просторија – ние  немаме општествени дебати.“

Проектот „Точки на среќавање“ е посветен на отвореното соочување со негативните културни стереотипи и тежината на историското наследство, на идентификување на позитивните парадигми во локалните заедници преку заедничка соработка и на запознавање со балканската културна традиција, преку серија текстови и трибини. Со тоа треба да се создаде отворен простор за меѓусебно разбирање и културна размена, за чување на можни заеднички, позитивни парадигми на односите, кои е можно да се идентификуваат во локалните традиции.

Панел-дискусии од ваков тип ќе се организираат и во Тирана, Подгорица, Прешево, а завршната трибина ќе се одржи во Белград.

Биљана Јордановска

Tags: БалканВремеЕлиза ХоџаЖидас ДаскаловскиСашо Орданоскисоочување со минатоТеофил ПанчиќтрибинаФорум ЗФДЦивилЏабир Дерала
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ