• Latest
Џабир Дерала

Белешка од друга планета

December 13, 2021

Почна новата академска година

October 1, 2026
Беџ на АНБ (фото: Архива на Слободен печат)

АНБ во акција против руска пропагандна мрежа: Институционална потврда на заканата на која ЦИВИЛ предупредува повеќе од една деценија

October 1, 2026
фото: Принтскрин АНБ

Македонски државјанин преку псевдо-портали ширел руска пропаганда и дезинформации, АНБ отвори истрага

October 1, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Постојана раскрсница која бара патоказ

October 1, 2026
Урсула фон дер Лајен (скриншот)

Фон дер Лајен во Скопје: Меѓу европските очекувања и условите на Мицкоски

October 1, 2026
ПОСЛЕДНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ПОТПИС | Александар Вучиќ, 27 септември 2026 (фото: ФБ / Александар Вучиќ)

Србија пред избори: Вучиќ во трка за премиер, студентите со сопствена листа, опозицијата во повеќе колони

September 30, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки на работ на хуманитарна катастрофа: Глад, блокада и пропаганда под руска окупација

September 30, 2026
Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, октомври 2025

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје: Мицкоски нуди дијалог, ЕУ останува на условот за уставни измени

September 30, 2026

(ИНФОГРАФИК) Двете точни бројки на Мицкоски и контекстот што го менува заклучокот

September 30, 2026

Пендрекот може да ја растури тезгата на Бит-пазар, но не и сиромаштијата

September 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ЕДИТОРИЈАЛ

Белешка од друга планета

Глетка за жалење. Жени со своите бебиња завиткани во ќебиња, со децата завиткани во шалови што се држат за палтата на мајките. Баби и дедовци со торбулиња, завиткани во тоа што нашле џбарајќи во мракот на своите студени домови... Сите во потрага по малку топлина кај своите соседи и роднини што се греат на дрва.

December 13, 2021 15:12
in ЕДИТОРИЈАЛ, КОМПАС, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Додека партиите се бават со себе…

Главна преокупација на јавноста и медиумите се конгресите на најголемите политички партии во земјава. Заев замина од кормилото на СДСМ на внатрепартиски непосредни избори. Ковачевски е новиот претседател на СДСМ. Мицкоски, стара и добро позната вмровска приказна, со еден кандидат во делегатски систем за кој имало, има и ќе има многу колоритни стории за тоа како се формира и одржува.

Додека синдикатите протестираат в недела…

Среде внатрепартиските избори, в недела, на декемврискиот дожд, се размрдаа и синдикатите, па се собраа пред парламентот и стопанската комора да побараат повисоки плати кои веќе беа најавени и гласање за прогласи денот недела за неработен ден. Парламентот е практично нефункционален барем една година, никаде го нема ни во работни денови, така што малку е нејасно како се очекуваат ефекти во недела, но тоа е работа на синдикалните „стратези“.

Додека светот чекори кон неизвесната иднина…

Во меѓувреме, новата германска влада, на чело со социјалдемократот Олаф Шолц, зачекори во новата пост-Меркел „ера“. Родово урамнотежена, со клучни ресори што ги водат жени, полна со енергија, новата влада на европскиот мотор зачекори во неизвесната сегашност и иднина. Оваа тектонска промена е важна и за Европа и за светот, а доаѓа во крајно деликатен период за светскиот мир. Русија ѕвецка со оружје на границите со Украина, а демократскиот свет спрема „новогодишно пакетче“ со санкции и воени потези за Путинова Русија.

… илјадници луѓе измрзнаа поради кварот на далноводите…

Но сево ова не е ниту важно, а уште помалку познато за илјадници семејства од југозападниот дел на нашата земја. За време на викендот (11-12 декември), паднаа неколку далноводи и дојде до прекин на електричната енергија. Неколку градови и десетици села потонаа во мрак и ги вратија луѓето назад, најмалку еден век.

Глетка за жалење. Жени со своите бебиња завиткани во ќебиња, со децата завиткани во шалови што се држат за палтата на мајките. Баби и дедовци со торбулиња, завиткани во тоа што нашле џбарајќи во мракот на своите студени домови… Сите во потрага по малку топлина кај своите соседи и роднини што се греат на дрва.

И никому ништо.

Што да се каже? Како реагираа институциите, државата? Регулаторната комисија за енергетика упати пригодни апели, ги замоли „мрежните оператори за електрична енергија да ги преземат сите мерки за враќање на нормалното напојување со електрична енергија во целата држава“. Тоа значи апел, меѓу другото – молба.

А потоа, МЕПСО со две-три изјави „објасни“ дека врнежите од дожд и снег ја разнишале мрежата за снабдување. За потоа, самозадоволно да ја извести премрзнатата јавност дека ги отстраниле дефектите.

И толку. Дури ни извинување за премрзнатите луѓе, за децата и возрасните кои потонаа во мрак и студ добар дел од денот и цела ноќ.

Зошто никој не понуди некоја сатисфакција за оние што претрпеа штети и им беше загрозено здравјето поради хаваријата со далноводите? Да им простат, односно да им платат (барем) еден месец сметки за струја, на пример. И да ги отворат вратите на јавните институции во кои има агрегати за струја, да ги згрижат луѓето…

Нема потреба посебно да се нагласува дека компаниите и државните институции имаат и законска обврска и ресурси да им помогнат на луѓето во вакви или слични ситуации. Имаат и обврска да покренат постапка за одговорност и тоа не само морална. Институциите и големите компании, во државна или во приватна сопственост, имаат обврска кон луѓето, да им испорачаат услуги и добра навремено, квалитетно и одговорно. Или пишувам како да сум од друга планета?

Изгледа дека е важно обврските да се исполнуваат само на релација партии – избори – компании. Луѓето се тука да плаќаат и да трпат.

 


Creative Commons 4.0 (дозволено преземање, со линк до изворот).
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ