• Latest

БГ со мали отстапки, МК со единство на политичкиот врв, Фуере побара оставка од Вархеји, руските дезинформации не стивнуваат

June 24, 2022
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

БГ со мали отстапки, МК со единство на политичкиот врв, Фуере побара оставка од Вархеји, руските дезинформации не стивнуваат

June 24, 2022 16:30
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

БГ со мали отстапки, МК со единство на политичкиот врв

Народното собрание на Бугарија гласаше за нацрт-резолуција за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје и отворање на патот за европска интеграција на Северна Македонија, јави известувачот на БГНЕС.

За предлогот на „Демократска Бугарија“, одобрен од Комисијата за надворешни работи, гласаа: 170 – за, 37 – против, 21 – воздржани, со што предлогот беше прифатен. Останатите два предлога беа одбиени.

Предлог-одлуката, поднесена од Христо Иванов и „Демократска Бугарија“, е заснована на предлогот на француското претседателство и се надоврзува на тоа за да бидат максимално заштитени бугарските интереси. Документот ги потврдува условите под кои Софија може да го поддржи процесот на европска интеграција на Северна Mакедонија.

*

Министерот за надворешни работи Бујар Османи и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, на денешниот заеднички брифинг категорички ја отфрлија можност за прифаќање преговарачка рамка за членство во ЕУ доколку во неа се вметнати објаснувања за македонскиот јазик, протоколи за следење на исполнувањето на Договорот со добрососедство со Бугарија и услов измената на уставната Преамбула да се случи пред отварањето на преговорите со Унијата, на што инсистира Бугарија.Тој потенцира дека она што во јавноста излезе како „француски предлог“, всушност е работната верзија на преговарачка рамка и други заклучоци што се доставен до земји членки и во кои има „загради и прашања“, а не конечна верзија на предлогот.

ИЗЈАВИ НА ДЕНОТ

Фуере: Ставот на Вархеји за прифаќање на „бугарските грижи“ нема логика, тој треба да поднесе оставка

Како можете да ги поддржувате „сите бугарски грижи“ и да ги правите дел од преговарачкиот процес, кога некои од тие грижи се против сето она за што се залага ЕУ, смета поранешниот европратеник Ерван Фуере во коментар на твитот на европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеји дека „бугарски загрижености“ ќе бидат дел од преговарачкиот процес на Северна Македонија со ЕУ.

„Целосно нема логика… Како можете да ги поддржувате „сите бугарски грижи“ и да ги правите дел од преговарачкиот процес, кога некои од тие грижи се против сето она за што се залага ЕУ, додека други се во спротивност со пресудите на европските Судот за човекови права. Комесарот треба да се срами од себе.“,  наведува Фуере.

Рама до бугарското МНР: Подигнете го ветото или издржете ме мене

Албанскиот премиер Еди Рама, на нему својствен начин, преку објава на Твитер ја прокоментира реакцијата на бугарското МНР за неговиот говор на Самитот ЕУ-Западен Балкан, вчера во Брисел.

„О! Бугарското Министерство за надворешни работи има проблем со мојот начин на зборување! Доволно е фер. И јас имам проблем со начинот на кој Бугарија сака да ги реши билтаралните прашања користејќи го процесот на проширување како средство за киднапирање на две земји од НАТО! Полека пријатели: Подигнете го ветото или издржете ме мене!“, напиша Рама на Твитер.

ЕДИТОРИЈАЛ

Скопје и Тирана му одржаа лекција по европски вредности на Брисел, Софија тоне во фашо-сталинистичкото минато

Од Џабир Дерала

„Иако е крајно негативен развојот на ситуацијата, не треба да очајуваме. Спремноста за дијалог, наместо конфронтација, решавање на споровите, наместо нивно продлабочување кои во македонската политичка реалност ги воведе Зоран Заев. Тоа на Северна Македонија ѝ донесоа голема предност. Нашата земја денес има повеќе пријатели и поддржувачи во Европа и во светот од кога и да е порано.

Го надминавме деценискиот спор со Грција која сега е партнер. Развивме добрососедски односи со Албанија, Косово и Србија. Северна Македонија е лидер во регионот со иницијативата Отворен Балкан во која, освен Албанија и Србија, сега се приближува и Црна Гора, што значи 4 од 6 земји во регионот до скоро потонат во непријателства и крвопролевања. Покажавме како е да се биде мал, а голем, дека политичката волја, дијалогот и добрите намери ги премостуваат до вчера непремостливите разлики. И станавме членка на НАТО што го запечати нашиот суверенитет и безбедноста.“

ФЛЕШ ВЕСТИ

РЕАКЦИЈА Во однос на француското директно ангажирање во изнаоѓањето на решение, француското МНР соопшти:  „Преземаме многу чекори под нашето претседавање со Советот на Европската Унија со цел да го поддржиме барањето решение за спорот меѓу двете земји и да ја конкретизираме европската перспектива на Северна Македонија.“

РЕЗОЛУЦИЈА Шефовите на држави и влади на земјите на ЕУ, кои започнаа состанок на високо ниво во Брисел на 23 јуни 2022 година, ја признаа Русија како земја која се обидува да ја искористи храната како оружје во војната против Украина и единствено одговорна за глобалната криза за безбедност на храната, стои во резолуцијата на самитот на ЕУ објавена на веб-страницата на Европскиот совет.

РЕБАЛАНС Со ребалансот на Буџетот за 2022 година се обезбедуваат средства за подобрување на стандардот и условите за живот на граѓаните во услови на најголема глобална економска криза. За нови таргетирани мерки наменети за финансиска помош на оние на кои им е најпотребна, се обезбедуваат средства во износ од 4,7 милијарди денари.

УСТАВЕН Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска ја продолжи расправата за утврдување на предлози за уставни судии, а по двочасовна дискусија седницата беше прекината.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Руски дезинформации

Руските дезинформации не стивнуваат. Центарот за спротивставување на дезинформации (ЈРС) при Советот за национална безбедност и одбрана на Украина ги собра најновите дезинформации што ги пласираат руските пропагандни медиуми. Меѓу нив се и целосно измислени и манипулативни приказни што се вртат во информативниот простор, стои во извештајот на Центарот објавен на Телеграм, пренесува Укринформ.

Конкретно, руското Министерство за одбрана тврдеше дека „милитантите“ со единицата „Кракен“ насилно носат медицински персонал и болни деца од различни медицински установи во детската болница во Харков. Во исто време, се забележува дека зградата на болницата е минирана и дека „неонацистите“ имаат намера да ја кренат во воздух само за подоцна да ја обвинат руската артилерија. Целиот овој извештај е дезинформација, нагласуваат од Центарот.

Зеленски се заблагодари за кандидатскиот статус

Украинскиот претседател Володимир Зеленски е убеден дека доделувањето на Украина статус на кандидат за ЕУ ​​е најголемиот чекор кон зајакнување на Европа што може да се преземе во овие тешки времиња.

Шефот на државата ова го изјави за време на видео обраќањето до учесниците на самитот на ЕУ откако Украина доби статус на кандидат за членство.

Повлекување од Сиверодонецк

Украинските бранители на Сиверодонецк ќе се повлечат од градот за да заземат нови, поутврдени позиции, вели Серхи Хаидаи, началник на регионалната воена управа на Луганск, кој објави оперативно ажурирање на Фејсбук, пренесува Укринформ.

„Вооружените сили ќе мора да се оддалечат од Северодонецк. Нашите бранители веќе добија таква наредба. Рашистите речиси го уништија Северодонецк, целата критична инфраструктура беше збришана, 90% од градот беше оштетен, 80% од станбените згради ќе треба да се урнат бидејќи не можат да се обноват.“, изјави Хаидаи.

ЕДИТОРИЈАЛ

Скопје и Тирана му одржаа лекција по европски вредности на Брисел, Софија тоне во фашо-сталинистичкото минато

„Да не заборавиме да им честитаме и на Украина и Молдавија за добиениот статус на земји кандидати за членство во ЕУ. Но наша морална обврска е да им кажеме дека треба да бидат претпазливи, бидејќи искуството на Македонија, како и на Албанија, со превртливиот Брисел е горчливо. Голем успех е да се стане земја кандидат за ЕУ, но тоа не значи многу повеќе од тоа.

Брисел не е место каде што се игра фер игра. Бугарија не е изговор. ЕУ можеше и имаше обврска да направи повеќе, многу повеќе“ – пишува Џабир Дерала во денешниот Едиторијал.

 

СЛОБОДНА ЗОНА

Љубомир Костовски

„Не сме ние нешто посебни буџетски „стипси“ – во извештаите и анализите на меѓународните институции, препораките се сведуваат на исто, а тоа е дека земјите треба да дејствуваат со таргетирани мерки, односно мерки со кои ќе се утврди точно кон која категорија на граѓани и фирми се однесуваат. Ова, како што посочува, е во интерес и во насока на одржување на фискалната и макроекономска стабилност на економијата. Ова што го бара ССМ не е таков таргет, бидејќи се однесува на најширок круг на корисници што може да се замисли во една земја – целата јавна управа и услуги. Просто да не можеш да ја доброиш колку се тоа лица на платен список.“, пишува Љубомир Костовски во анализата „Повторување на историјата: Се сеќавате ли на штрајкот на Железарци од 1986 година?“.

 

Џабир Дерала

„Јас се залагам да им се покачат платите на административците веднаш или најмногу во рок од една недела и еден ден. Зошто и еден ден? Затоа што во итна постапка од најмногу една недела, мора да се преземе една друга операција, што требаше да се спроведе веднаш по падот на режимот на криминалецот од Будимпешта. Што треба да се направи?

Да се намали администрацијата за најмалку 30% и тоа веднаш или најмногу во рок од една недела. И тоа да биде навистина најмалку 30%, но на тој начин што ќе се води грижа во секторите образование, здравство и безбедност да не се намали бројот на оние што вистински ја вршат работата. Напротив, нивниот број треба да се зголеми.“, прочитајте во Рафалот „Да се покачат платите на административците, но под еден услов“, од Џабир Дерала.

БРЗА ПОШТА

„Во спроведувањето на стратешките политики не може да се избрзува со изјави како да се бираат производи на пазар. Дополнително, треба да се почекаат или „подготват“ околности во кои ќе се каже она што треба да се каже за да има најголем ефект. Премиерот Димитар Ковачевски го покажа тоа со вчерашната изјава. Не брзаше претходно да дава изјави, туку почека на еден официјален начин, пред камерите од цела Европа да го каже јасниот став на владата, а со тоа и на граѓаните на Македонија.“, во Брзата пошта „Кој е патриот сега?“ од Сотир Габелоски.

Д. Тахири

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ