Сафет Бишевац од Иницијативата за формирање на бошњачка партија, на јавната дискусија „Плурализмот и политичката криза“, изјави дека не е исполнет ниту еден услов за фер и демократски избори, особено не е оделена државата од партијата, а дека опозицијата не смее со учество на вакви избори да ја легитимира ваквата власт.
“Груевски парадира како Господ, министрите му реферираат како средношколци со купени дипломи, а и за жал, такви се и повеќето министри во таа Влада. Тоа значи дека одвојувањето на партијата од државата, како услов за фер и демократски избори, не е исполнет. Треба да им дозволиме на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ да покажат колку се јаки и да излезат сами на избори. Не сум за избори во јуни, најрано во март следната година“, изјави Бишевац.
[youtube width=”600″ height=”400″]https://www.youtube.com/watch?v=liCN3BdgBe0&list=PL8OKOBhUT4xBTqwyk989YA7ZQD_mKw-ht&index=14[/youtube]