„Треба да успее референдумот бидејќи каде ќе одиме понатаму. Многу се залажуваат луѓето дека сами можеме да опстанеме, сега се сменија времињата и се знае кој командува во светот, ние сами ништо не можеме да направиме“, вели еден битолчанец на прашањето на ЦИВИЛ Медиа, што мисли за референдумот.
Еден граѓанин вели дека луѓето се поделени, меѓутоа смета дека ќе биде подобро за државата доколку граѓаните излезат на гласање.
„Сум за напредок, сум излегувал и ќе излезам на гласање“, дециден е еден граѓанин.
Дел од битолчани сметаат дека проблемот со името треба сами да го решиме, без притисоци.
„Референдум е добро да има, меѓутоа прашањето не е в ред, како она кафето три во едно“, додава друг граѓанин.
„Ќе гласаме сите за нашата и иднината на децата, доста тапкаме во место“, истакна еден граѓанин.
„Младите избегаа бидејќи не сакаат да работат за 12 илјади. Овие од надвор ако сакаат да помогнат тогаш е друго, ако не сакаат тогаш нема да напредуваме. Мислам дека ќе успееме“, потенцира друг граѓанин.
Маја Ивановска
Обработка на текст и камера: Дехран Муратов
Монтажа: Владо Крстевски