• Latest

Богојески: Груевски ги брани интересите на десетина лица

October 8, 2017
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Богојески: Груевски ги брани интересите на десетина лица

October 8, 2017 17:51
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Никола Груевски ги брани интересите на десетина лица, а чекорите кои ги презема потсетуваат на времето на Слободан Милошевиќ, вели Петар Богојески, еден од Иницијативата за реформи и демократизација на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за бугарската новинска агенција БГНЕС, пренесува агенцијата МЕТА.

„Новата ера на Никола Груевски во Македонија се спореди со онаа на Милошевиќ, но во никој случај не може да се зборува за некаква ‘Нова ера’ за самиот Груевски. Што значи тоа – дали сега ќе имаме ‘нов Груевски’? Тоа е сосема неразбирливо, не само за нашите гласачи, такво нешто не постои дури и во политичката литература“, вели Богојески.

Тој вели дека патриотизмот на Груевски е само една манипулација за прикривање на неговата беспомошност.

„Ние немаме потреба од псевдопатриотизaм и личен интерес на десетина лица. Ние имаме потреба од автентичен македонски патриотизам, заснован на европските вредности, а тоа е нашата крајна цел – евроатланска интеграција. Лично, јас токму во оваа насока го разгледувам Договорот меѓу нашите две земји, како договор што ги штити македонските национални интереси“, вели Богојески.

Во интервјуто, Богојески вели дека ако е загрозена политичка кариера на еден политичар, тоа не значи дека иднината на Републиката е загрозена. „Ние не треба да бидеме заложник на неодговорни политичари кои ги претставуваат нашите лични интереси како национални. За нас, како ВМРО-ДПМНЕ, е многу важен фактот дека без Никола Груевски сакавме да постигнеме многу подобар резултат. За жал, сепак, и покрај нашите предупредувања, инаетот на Груевски беше поважен од нашиот партиски интерес и влеговме во кампања под негово раководство и поради оваа причина е загрозена победата на ВМРО ДПМНЕ во многу општини“, вели Богоески, додавајќи дека за разлика од Груевски, кој нема амбиција и достоинство пред амбасадорите, реформаторите градат моќно партнерство со сите што сакаат да помогнат во евроатлантската интеграција на Македонија.


извор: МЕТА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: „Нова ера“БогојескиВМРО-ДПМНЕГруевскиизбориреформатори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ