• Latest

Борбата продолжува, да не се повтори 5 мај 2015

May 5, 2021

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ЦИТАТИ

Борбата продолжува, да не се повтори 5 мај 2015

May 5, 2021 16:05
in ВЕСТИ, ЦИТАТИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Влада, 5 мај 2015, 21 часот. Протест против полициската бруталност што ќе остане запаметен токму по полициска бруталност. Активисти, новинари, студенти, демонстранти беа немилосрдно тепани и апсени. Зошто? Уште еднаш, ако се може, да се избрише убиството на Мартин Нешкоски. Убиство на млад човек, што тогашната власт и министерката за внатрешни работи, очајнички се обидувале да го прикријат во 2011 година, а за кои дознавме од „бомбите“ на тогашната опозиција.

Мирниот протест започна спонтано, кога неколку илјади револтирани демонстранти се собраа пред владата со извиците „Оставка!“ и „Убијци“. Протестот ескалираше кога инфилтрирана група почнаа со провокации кон полициските служби. И кога со безмилосно тепање се растури мирниот протест, полицијата тргна во потера по улиците низ центарот на Скопје, влегувајќи и во градската библиотека „Браќа Миладиновци“, напаѓајќи ги студентите што во тој момент биле во читалните и подготвувале испити.

На тие протести, активисти на ЦИВИЛ беа нападнати и повредени, а тројца беа и приведени. Насилниците уфрлени меѓу демонстрантите фрлаа со тврди предмети кон полицајците. Со еден од тие предмети беше погодена една набљудувачка на ЦИВИЛ. Една активистка на ЦИВИЛ и претседателот на ЦИВИЛ беа бездушно тепани со пендреци. Тепани беа мирни демонстранти, а до денес останаа сомнежите, па и некои фотографии, за тоа дека провокаторите беа, всушност, испратени од тогашниот режим.

Од тој протест до денес, одговорноста на Министерката Јанкулоска, функционерите и полициските службеници што се виновни за претепувањето на активисти, новинари, пензионери, студенти, граѓанки и граѓани на 5 мај 2015, остана да виси во воздух“.

– цитат од колумната „И по четири години, борбата продолжува, да не се повтори 5 мај 2015“, од Биљана Јордановска, објавена во ЦИВИЛ МЕДИА на 6 мај 2019 година.

 


Рубриката ЦИТАТИ е простор каде што издвојуваме цитати од текстови, претежно објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ. Редакцијата е отворена кон сугестии од своите читателки и читатели. Содржините објавени во оваа рубрика се слободни за преземање од другите медиуми, под услови пропишани во лиценцата Creative Commons 4.0.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ